Чини малку, а има вкус како да е направен во некоја најексклузивна слаткарница. Се изненадивме кога дојдовме до овој рецепт.
Потребни состојки:
5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
2 лажици какао
1 прашок за печиво
500 мл млеко
За прелив:
250 г шеќер
500 мл вода
1 ванилин шеќер
За фил:
500 мл млеко
5 лажици брашно
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
Постапка:
Изматете 5 белки со 5 лажици шеќер, па додадете 5 жолчки, 5 лажици брашно, 2 лажици какао и прашок за печиво.
Подмачкајте го плехот и испечете кора.
Печената кора прелијте ја со сварениот сируп од 250 г шеќер, 500 мл вода и 1 ванилин шеќер.
Топло на топло и оставете да излади во плехот.
Фил: од 500 мл млеко, 5 лажици брашно, 100 г шеќер и 1 ванилин шеќер сварете бел крем.
Кога ќе излади додадете 250 г путер изматен со 1 лажица шеќер во прав.
Белиот фил истурете го врз кората.
Преку белиот фил прелијте 3 реда чоколадо растопено со малку путер.