Дали сте забележале дека косата ви опаѓа во текот на миењето?

Некои велат дека просечно се губат околу 20 влакна, други околу 50, но сега тоа би можело да биде минато.

За да го спречите опаѓањето на косата во текот на шампонирањето, не ви е потребен специјален шампин, туку само 3 природни состојки кои ќе ги додадете во вашиот нормален шампон.

Потребни состојки:

Шампон со неутрален рН

10 капки есенцијално масло од рузмарин (го стимулира крвотокот во главата и ги зајакнува фоликулите)

10 капки лимоново масло (има неверојатни антисептички и освежувачки својства)

2 капсули витамин Е – најважната состојка која го спречува губитокот на косата

Постапка:

1.Десет капки есенцијално масло од рузмарин и лимон и витамин Е од две капсули измешајте ги и додадете ги во шампонот.

2.Добро протресете го шишето за да може да се соединат сите состојки.

3.Тоа е тоа, вашиот шампон против опаѓање на косата е готов!

Употреба:

Шампонот е најдобро да се користи на секое мирње или барем на секое второ.

Нанесете на влажна коса и масирајте го скалпот 10 минути. Потоа оставете да делува уште 10 минути.

Косата измијте ја со млака, но никако со премногу топла вода.

Што треба да очекувате:

Овој шампон содржи елементи кои се корисни за подобрување на циркулацијата на главата и регенерација на оштетените фоликули.

За кусо време ќе забележите позитивни резултати, бидејќи новата коса ќе започне да расте за кратко време.