Поврзаноста помеѓу заморот и депресијата е сложена, но доколку се препознаете во следните фази, ви препорачуваме да се консултирате со лекар или психолог. Депресијата е болест која се карактеризира со постојана тага и губење на интерес за активности кои вообичаено ги уживате, придружени со неможност да ги извршувате секојдневните активности.

Често оние кои се душевно потиснати имаат чувство на апатија, но тоа не значи дека постојано лежат в кревет и не ги извршуваат обврските во текот на денот. Напротив, депресивните луѓе често изгледаат и како најсреќните луѓе, за кои многумина мислат дека ништо не им недостасува во животот.

Фото: Илустрација

СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ

Веројатно сите сме поминале низ тешки фази во животот, но како навреме да ги забележиме и разликуваме првите знаци на депресија. Заморот предизвикан од депресија не е обичен замор. Многумина ја поврзуваат депресијата со тага и безнадежност, но симптомите можат да бидат многу посложени.

Исто така, чувството на замор може да биде знак за депресија, предупредуваат експертите. Постои сложена врска помеѓу заморот и нашето ментално здравје, при што многу луѓе навистина не ја знаат разликата.

Фото: Илустрација

„Заморот влијае на повеќе од 90 проценти од луѓето со депресивно растројство“, вели Надин Каслов, професорка по психијатрија и бихејвиорална наука на Универзитетот Емори. Ова се некои вообичаени фази низ кои секојдневно поминува депресивно лице:

„Денес сакам само да спијам… да уживам во бескрајното блаженство на ништожноста… Сакам да се ослободам од секаква болка, од исцрпеноста предизвикана од чувството на празнина…“

„Не сакам повеќе да се чувствувам загрижен/а или вознемирен/а…Не сакам да чувствувам вина или страв…Не сакам да бидам изгубен/а…“ „И најмалиот допир ме мачи… Сакам само да се одморам и да се провлечам во вечниот, блажен одмор…“

Фото: Илустрација

„Можеби на луѓето им изгледам како да сум во „форма“, но и физички сум исцрпена…Моето тело е уморно. Некој ќе помисли дека немам причина за тоа, но немам волја ни да се објаснувам… Едноставно така е.“

„Душата ми е уморна, едноставно уморна… Не сум исцрпена од некоја посебна причина, туку едноставно уморна, легнувам со тоа и станувам со тоа…“ „Имам чувство дека уморот е вкоренет длабоко во секоја пора од моето битие… Овој вид на замор очигледно не се лекува ниту со неколку часа сон… Бидејќи не се будам одморен/а, се будам исто уморна како кога одам да спијам…“

„Се чувствувам празно скоро секој ден, енергијата ми се чини дека ја нема…Нештата што ме исполнуваа веќе не ми се важни… Сè стана рамнодушно кон мене и јас сум незаинтересиран/а… Отсутен/а.“

Фото: Илустрација

„Денес имам милион и една обврски кои треба да ги завршам… Секојдневни животни обврски… Рутини… Морам, но немам енергија за ништо… Подобро да се вратам во кревет … и едвај чекам да го направам тоа.“

„Менталната болка е помалку драматична од физичката, но потешко е да се поднесе. Честите обиди да се сокрие го прави товарот уште потежок. Полесно е да се каже: „Ме боли заб“ отколку „Душата ме боли“.

Фото: Илустрација

РАЗЛИКА ПОМЕЃУ АНКСИОЗНОСТ И ДЕПРЕСИЈА

1. Депресијата го прави човекот постојано уморен, додека анксиозниот човек се чувствува буден, дури и ноќе. 2. На депресијата ѝ недостига мотивација, додека анксиозниот човек се чувствува многу лошо ако не направи ништо.

Фото: Илустрација

3. Депресивната личност не сака да оди на работа или на училиште, а анксиозниот се чувствува многу вознемирен додека ги исполнува секојдневните обврски. 4. Анксиозноста многу лошо влијае на меѓучовечките односи, додека на депресивната личност воопшто не му е грижа да одржува контакт со луѓето.

Фото: Илустрација

5. Депресираниот човек секогаш рано ќе ја напушти работата, додека анксиозниот во тој случај ќе се плаши да не добие отказ. Заедничко за анксиозноста и депресијата е чувството на страв, безнадежност, очај. Иако депресијата е една од најтешките услови во кои може да западне човек, ни анксиозноста не е безопасна.

Имено, замислете цел живот да сте во некој паничен страв и грч дека нешто лошо ќе се случи, а само вие знаете што е тоа. ПРОЧИТАЈТЕ СЛЕДНО: Познат доктор има решение за депресијата и стресот: ”Направете го ова кога не можете да издржите!” – ОВДЕ.