Смејте се почесто, формирајте групи за дружење на социјалните мрежи, зборувајте со вашите драги и блиски лица, бидете позитивни, одбегнувајте стрес и негативни луѓе – е рецептот против депресија и стрес.

Медицината за лекување на стресот главно нуди само лекови, а еве како да го “излекувате” стресот без лекови и лоши навики, според советите на познатиот доктор Бранимир Несторовиќ.

Денешниот начин на живеење е многу стресен. Познато е дека стресот е еден од главните причинители за инфаркт, хипертензија, психички проблеми и што ли уште не.

Повеќето луѓе од стресот се штитат со земање на лекови, особено на анксиотици. Иако станува збор за релативно сигурни лекови (предозирањето се случува главно кај лица кои се склони на алкохол), имаат негативен ефект врз когнитивните функции, а во поедини случаи доведуваат и до зависнот.

Како класично шоколуван доктор, забележав уште одамна, дека освен лековите, медицината не нуди никакви други постапки или опции (на пример есенцијални масла, техники на дишење, релаксациони техники, јога и сл.).

Модерната медицина се однесува како овој дел од терапијата воопшто да не постои.

Во сите совети за намалување на стресот постои совет за менување на начинот на живеење. Особено сметам дека тоа главно е невозможно, ако се земат во предвид социјалните услови во кои живееме. Понатаму, би требало се исклучат нездравите навики кои ни помагаат да го совладаме стресот. Тука на прво место спаѓаат пушењето и алкохолот.

Прекумерната употреба на таблетите за смирување доведуваат до спротивен ефект. Кохен во студијата од 1995 година наоѓа дека половината од пациентите кои се јавиле поради напнатост и панични состојби, како причина имале прекумерна примена на бензодиазепини (Бенседин, Апаурин и слични) или алкохол.

Не треба да се повлекувате во себе, бидејќи тоа го потенцира стресот, а треба да се одбегнува јадење на големи количини нездрави производи (грицки, слатки).

Постојаното гледање во телефоните, исто така, нема да помогне да се намали стресот, како и прекумерното спиење. Ниту истресувањето врз други лица не е решение (особено ако не сте шеф, па не сте во позиција тоа да го користите).

Најпрво, секогаш обидете се да го одбегнете стресот. Научете да кажете не, не преземајте повеќе обврски отколку што можете да ги завршите. Особено доколку станува збор за активности кои треба да се извршуваат истовремено.

Мултитаскинг (вршење на повеќе активности истовремено) е еден од најважните причини за стрес. Иако жените подобро го поднесуваат мултитаскингот, ниту тие не би требало да претеруваат со прифаќање на купишта работа.

Одбегнувајте лица кои стресно делуваат врз вас (според парапсихолошко толкување, тоа се тие личности кои ви ја одземаат енергијата, односно, т.н.”Енергетски вампири”).

После контактот со нив, се чувствувате исцрпено. Контролирајте ја својата непосредна околина. Ако ве нервираат вестите, исклучете го ТВ и не читајте списанија. Ако гужвите ве нервираат кога одите на работа, обидете да најдете алтернативен превоз, иако можеби е подолг, но помалку стресен. Ефектот на промените понекогаш имаат одлично дејство.

Доколку се најдете во стресна ситуација, слободно изразете го своето мислење (потиснувањето ја зголемува напнатоста). Доколку некој ве малтретира и ви досаѓа, слободно извинете се и кажете дека имате итни обврски.

Обидете се да се прилагодите на ситуацијата. Ако сте во автомобил заглавени во гужва, наместо да се нервирате, сфатете го тоа како можност да ја слушнете некоја ваша омилена песна или нешто друго.

Кога ќе се појави некој проблем, прашајте се какво значење ќе има истиот после една или повеќе години, и ќе видите дека проблемот ќе се намали. Ако сте перфекционист, обидете се да ги намалите очекувањата од себеи и од другите.

Ако ситуацијата е таква, па не може да се контролира, прифатете ја. Не обидувајте се да се борите ако нема изглед за успех. Споделете ги чувставата со личностите околу себе, научете да простувате.

Поврзете се со други луѓе и разговарајте со нив. Комуникацијата е незаминлива (а за жал поретка). Најтешката казна во затвор е самицата.

Конечно, најважното, обидете се во сè што правите да внесете забава и задоволство. Смеењето е најдобриот лек за сите болести. Докажано е дека луѓето кои повеќе се смеат имаат подобра функција на имуниот систем, пониско ниво на хормонот на стрес, помалку чувствуваат болка, имаат помалку болки во вратот поради поопуштени мускули, пониска стапка на случаи со инфаркт.

Смеењето ја елиминира напнатоста и депресијата, а поседува и моќна социјална компонента. Луѓето ги сакаат личностите кои се смеат, тие привлекуваат други луѓе, често се лидери во својата средина. Личноста која се смее одбегнува конфликти.

Многу е важно да се има некое хоби. Доколку после некој стресен ден му се посветите на вашето хоби или на нешто што сакате да го работите (како што ја сред ноќ го пишувам овој блог), ќе се почувствувате многу поопуштено и задоволно.

Д-р Бранимир Несторовиќ