Што предизвикува болка на десната страна од стомакот и како да гио ублажиме тегобите? Болката на десната страна на желудникот најчесто е предизвикана од некоја минлива појава. Причината може да биде гасови, цревна болест или инфекција.

Болката се јавува на местото каде што се наоѓа црниот дроб, а докторот по традиционална кинеска медицина д-р Филип Мања открива како можеме да си помогнеме со древните медицински методи. Со специфична масажа ги ублажуваме тегобите и правиме крвта да тече низ телото.

„Кога кај луѓето се јавуваат мигрирачки болки на десната страна од телото или чувствуваат студенило на екстремитетите, стапалата и дланките им се ладни, а не е зима, тогаш е јасно дека проблемот доаѓа однатре и дека најчестата причина е стагнација на крв и енергија во црниот дроб.

Можеме да примениме директна масажа на црниот дроб. Црниот дроб е голем орган чиј поголем дел се наоѓа под ребрата на десната страна, но до помалиот дел можеме да дојдеме ако малку ги подбутнеме прстите оздола“, вели д-р Мања и објасни како изгледа масажата:

„Притискаме до мометот кога ќе почувствуваме продорна болка или непријатност. Додека е притиснато, правиме кружно движење. Може да замислиме како да имаме сунѓер натопен во вода и го навлажнуваме со тоа кружење.

На овој начин постигнуваме црниот дроб да го стимулираме и го направиме поеластичен, пофлексибилен, попроточен и подобро функционален.

Така ќе се отстрани застојаната крв која е во црниот дроб и таа ќе тече до најоддалечените делови од телото, поточно рацете и стапалата и ќе ги загрее“, објасни докторот по традиционална медицина.

Постои уште една техника која може да се користи за истата цел – кревање на десната рака.

„Десната рака ја креваме над главата, ја истегнуваме на страна за да го ослободиме делот што боли, а со другата рака го тапкаме пределот на црниот дроб.

Испраќаме вибрации длабоко во црниот дроб кои ќе го опуштат, ќе ја зголемат циркулацијата и ќе ја испратат крвта до најоддалечените делови од телото. Ова може да го применат и сите оние на кои рацете и стапалата им се постојано ладни, дури и во топлите денови“, објасни д-р Филип Мања.

Ова се некои други причини за болка на десната страна на стомакот: натрупување гасови, камења во жолчното кесе, акутен хепатитис, менструалниот циклус, камен во бубрегот, воспалителни болести на цревата.

Доколку подолго време чувствувате болка во десната страна од телото, најдобро е да посетите лекар и да ги направите потребните испитувања. Изведувањето на техниките можете да го погледнете ОВДЕ.