Чистиот јаворов сируп содржи повеќе од 20 лековити својства, додека некои истражувања ги докажуваат неговите антиканцерогени и антибактериски својства. Јаворовата кора е богата со сируп кој е откриено дека одлично го прочистува организмот.

После објаснувањето за својствата на овој сируп, на крајот од текстот можете да ја прочитате ди.етата кога гарантира брзо ослободување од вишокот ки-лограми.

Сирупот се добива директно од кората на дрвото и се вари во вода до посакуваната густина. Наликува на редок мед и има темнокафеава боја. Калориската вредност е 275 килокалории.

Овој нутритивно богат и лековит сируп има многу позитивни влијанија врз организмот: ги исфрла сите насобрани наслаги од цревата, ги ослободува тенките влакненца кои служат за апсорпција на хранливите материи, спречува појава на болести кои се јавуваат како резултат на акумулација на ток-сични материи во цревата.

Понатаму, ги чисти бубрезите и целиот дигестивен систем, го ослободува телото од ток-сини и го намалува притисокот врз нервите, го намалува притисокот врз артериите и кр-вните садови и го одржува младешкиот изглед.

Поради големите количини на цинк и манган го зајакнува имунитетот и помага против вируси и настинки, го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, помага во бор-бата против ракот.

Јаворовиот сируп може да се користи како замена за белиот шеќер и штет-ните вештачки засладувачи кои честопати се користат за да се одбегнат калориите. Многумина додаваат јаворов сируп во своите утрински оброци за да се надополнат со енергија. Меѓутоа, освен во исхраната, овој популарен засладувач има толку многу придобивки за здравјето и за убавината, што се смета за течно злато.

Го зајакнува имунитетот

Додавањето малку јаворов сируп на вашиот утрински појадок може да ја зајакне одбраната од вируси. Овој природен засладувач е одличен извор на цинк кој го враќа нивото на белите кр-вни зрнца и го зајакнува имунолошкиот систем. Исто така, јаворовиот сируп има моќни антимикробни својства и докажано е дека се бори против некои многу отпорни бактерии.

Добар е за кожата

Јаворовиот сируп содржи 24 антиоксиданси, а едно истражување докажало дека заменувањето на рафинираниот шеќер со природни засладувачи, како што е јаворовиот сируп, вкупниот внес на антиоксиданти ќе се зголеми исто колку да сте изеле цела порција ореви или шумско овошје.

Поради својата висока содржина на антиоксиданти, јаворовиот сируп може да ја заштити кожата од оште-тување предизвикано од слободните радикали, за кои се верува дека доведуваат до предвремено стареење на кожата.

Ја одржува хидратацијата на телото

Јаворовата вода не е иста како јаворовиот сируп, иако потекнува од истиот извор. Направена е од подземна вода измешана со сок, но и покрај тоа што е вкусна, содржи само 2% шеќер. Некои спортисти велат дека хидрира двојно повеќе од обичната вода и им помага да останат долго хидрирани за време на тренинзите.

Добар е за здравјето на мажите

Јаворовиот сируп може да помогне и во одржувањето на репродуктивното здравје кај мажите. Многу минерали што се наоѓаат во јаворовиот сируп, особено цинкот, се корисни за здравјето на мажите, па дури можат да помогнат и во намалувањето на ризикот од рак на простата.

Помага во намалување на вишокот килограми

Јаворовиот сируп ги исфрла ток-сините од организмот, а истовремено го прочистува. Со тоа помага во намалување на вишокот килограми бидејќи го заменува белиот шеќер, заситува и дава енергија за поголема изведување на поголема физичка активност.

Ја зголемува енергијата

Јаворовиот сируп е одличен извор на минерали кои му даваат на телото дополнителна енергија. Јаворовиот сируп содржи јаглехидрати, кои служат како извор на енергија, а изобилството од антиоксиданти во него помогаат во побрзо закрепнување по интензивното вежбање.

Ја прави косата сјајна

Хидрираноста не придонесува само за целокупното здравје, туку и за изгледот на косата бидејќи влијае врз цврстината и на нејзиниот раст. Бидејќи јаворовата вода хидрира повеќе од обичната вода, таа може да додаде сјај и еластичност на вашите влакна.

За да ја оживеете сувата коса, изг.мечете една излупена банана и авокадо, па во смесата додајте малку маслиново масло и јаворов сируп. Нанесете ја смесата на вашата коса и измијте ја со шампон по 20 минути. Резултатите се забележливи по 2 користења на оваа смеса.

Добар е за срцето

Јаворовиот сируп може да го подобри здравјето на срцето. Благодарение на високата содржина на цинк, јаворовиот сируп може да спречи разни кардиоваскуларни заболувања, како што се мозочен у дар и артериосклероза. Исто така, цинкот може да ги направи кр-вни садови посилни со подобрување на функцијата на клетките што ја сочинуваат внатрешната обвивка на артериите.

Д иета со јаворов сируп

Покрај замена за шеќер, можете да го користите и за деток.сикација на организмот, што ќе овозможи здраво сла-беење. Овој сируп го забрзува варењето, го забрзува метаболизмот и придонесува за здравјето на црниот дроб.

Стенли Бароуз во книгата Искуството за чистење ги потврдува позитивните страни на деток.сикација со лимонада и јаворов сируп, а можете да го подготвите сами дома. Оваа д иета е наменета за прочистување на организмот.

Се спроведува 5-10 дена проследено со минимум 40 дена пауза. Пред да започнете со оваа диета, намалете (или исклучете) го внесот на газирани пијалаци и кофеин. Пред отпочнување на оваа диета потребно е да се кон-султирате со вашиот лекар. Кај некои луѓе е доволно да се спроведе и само еден ден, а кај некои и повеќе..

Потребни состојки: 2 лажици лимонов сок, 2 лажици јаворов сируп, 1/10 лажичка лута пиперка (прстофат чили во прав), 300 мл вода.

Оваа диета вклучува исклучиво земање на овој пијалак и ја исклучува целата цврста храна од вашето мени во наредните 5 дена. Можете да пиете од 6 до 12 чаши од оваа лимонада во текот на денот. Ако чувствувате глад, веднаш испијте нова чаша.

По чистење на телото, не враќајте се веднаш на стариот начин на исхрана, бидејќи без внес на цврста храна, желудникот се става во мирување. Многу е важно постепено да се враќате на нормалната исхрана. По д иетата, во вашето мени полека започнете да вклучувате лесна и здрава храна полна со витамини и протеини. Започнете со овошни сокови, супи, чорби, овошје и зеленчук.

Ако за време на раната пролет, ја пресечете кората на одредени видови јавори, од нив ќе истече чист сок. Поголемиот дел од овој сок е вода, иако 2% припаѓа на природниот шеќер – сахарозата.

Ако потоа го загреете овој сок додека да испари поголемиот дел од водата, ќе добиете густ јаворов сируп. Обично се потребни околу 30-40 литри сок од јавор за да се добие еден литар сируп, а со „пумпање“ на едно јаворово дрво за 4 недели, може да добиете околу 40 литри сок.

Во 40-тите години на минатиот век, јаворовиот сируп се собирал во кофи со д упчење на дрвата и потоа се ставало дрвена цевка низ која сокот течел во кофата. Најдобри денови за собирање на јаворов сок се раните пролетни денови пред да се појават пупките, при што температурата треба да е малку повисока во текот на денот, и малку пониска од температурата на замрзнување на водата во текот на ноќта.

Се користи како природен засладувач, арома или како индустриска суровина за колачи и бонбони и може да се јаде во разни комбинации. Не содржи протеини, а има 67 грама јагленихидрати и 0,2 грама масти.

Јаворовиот сируп може да се расипе, а расипувањето емногу слично како и кај домашниот џем, односно се зафаќа тенка „кожичка“ на самата површина.

Во овој случај доволно е само да се излупи тенкиот слој, а остатокот од сирупот е употреблив. Јаворовиот сируп најдобро е да се чува во стаклени садови како што се тегли или шишиња. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска