Овие колачи можете да ги јадете во текот на празниците и тоа без чувство на вина, бидејќи некои од нив воопшто не содржат шеќер, или пак многу малку, а ниту пак масти. Сите се приготвуваат многу брзо и едноставно, пишува НМД. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г несолени печени кикирики, 100 г лешници (истостирани/печени), 250 г цврст јогурт или кисела павлака, 1 лажица брусница или суво грозје (може и друго суво овошје по вкус, но ситно исечкано или сомелено), 2 супени лажици мед, 50 г какао во прав

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл млеко, 1 кесичка пудинг со вкус на ванила (40 г), 1 полна супена лажица скроб/нишесте (густин), 3 супени лажици шеќер или засладувач по вкус, 30 г кокос, 24 јафа кекси (ресана) и мелени/сечкани ореви за валање на кексите или мелени кекси,кокосово брашно, чоколадни трошки или нешто друго по желба.

рецепт 2

РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г бисквити со вкус на какао (или јафа кекси кои треба најситно да се исечкаат за овој рецепт), 150 мл сок од портокал, 1 ванилин шеќер,2 големи лажици џем од портокал или кајсија, 1 ребро (50 г) чоколадо за готвење, рендана кора од портокал, 1 лажица мед.

рецепт 3

РЕЦЕПТ 4 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 мелени бисквити (плазма или какви било кекси по ваш вкус), 100 мл млеко, 125 г несолен путер, 1 супена лажица шеќер, 6 крем бананчиња. Ова е основна мера, па доколку сакате поголема количина, соодветно зголемете ги состојките.

рецепт 4




ПОСТАПКА за рецепт 1: Во еден сад измешајте ги мелените кикирики и мелените лешници кои претходно малку сте ги пропржиле во сува тава за да добијат убав мирис. Потоа додајте го цврстиот јогурт или киселата павлака.




Додајте една рака сува брусница (може суво грозје или друго суво или кандирано овошје ситно исечкано). Потоа додајте две полни супени лажици мед. Добро промешајте со лажица додека смесата целосно да се изедначи. На крај додајте какао во прав и повторно изедначете.




Црпете со лажица и обликувајте ги колачињата со вашите дланки. Валајте ги во кокос и оставете ги во фрижидер за да се стегнат до послужувањето. Од оваа количина ќе добиете десет полни супени лажици, односно десет колачи. Еве ја постапката и за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: одвојте малку од млекото и во него растворете го прашокот за пудинг со скробот, промешајте за да нема грутчиња, а остатокот од млекото ставете го во тенџере на оган за да зоврие.

Штом млекото зоврие намалете ја температурата, па постепено додавајте го пудингот со непрекинато мешање и варете додека убаво да згусне. Сварениот пудинг тргнете го од оган и додајте 30 г кокосово брашно/снегулки.




Промешајте и оставете да се олади до собна температура (покриено со кеса за да не фати коричка). Потоа лепете две по две јафа кекси од бисквитната страна (чоколадната да биде надворешна), а страните валајте ги во мелени ореви/кекси/кокос или нешто по ваша желба. А сега, прочитајте го и следниот рецепт за вкусните јафа топчиња кои се одлични за каква било пригода:




ПОСТАПКА за рецепт 3: бисквитите сомелете ги, прелијте ги со сок и промешајте. Додајте мед, џем, ванилин шеќер и растопено чоколадо, а на крај и рендана кора од портокал. Измесете ја смесата со рака и оставете ја во фрижидер половина час. Потоа обликувајте ги топчињата и валајте ги во какао или нешто по ваш избор. Еве ја постапката и за четвртиот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 4: во мелените бисквити додајте една лажица шеќер и залијте со 100 мл млеко и растопен путер. Добро промешајте за да се соединат состојките во смеса со конзистенција на влажен песок. Смесата распоредете ја врз долго парче проѕирна фолија и развлечете ја во тенка кора со форма на правоаголник, со дебелина од 6-8 мм.




Долж целата кора наредете 9 крем бананчиња, во колона по две и по едно крем бананче одозгора. Потоа опфатете ја фолијата од двете страни, така што ќе ја подигнете кората и ќе ги споите краевите добивајќи еден вид облик на призма.

Добро притиснете со рацете за да се затворат бананчињата и секаде да се спои смесата. Обиткајте го ролатот-призма со помош на фолијата и оставете го на ладење во замрзнувач, 20 минути (само толку е доволно за да се стегне). Потоа сечете на мали триаголници и послужете.