3 напитоци за регулирање на хормоните кои жените треба да ги пијат секој ден

Кога размислувате за хормонско здравје, што прво ви паѓа на ум? Таблети? Не би требало, бидејќи постојат ефиксни природни средства.

Темата за урамнотежено хормонско здравје со години станува се поактуелна. На ред доаѓаат скапи лекови и бескрајни консултации со гинекологот. Веднаш обидете се да ја спречите потребата за лекови кои ги регулираат хормонските промени, а до нив секако доаѓа со текот на времето.

Ова се три рецепти со природни состојки кои го регулираат лачењето на хормоните.

ТОПЛА ВОДА СО ЛИМОН

Топлата вода со лимон придонесува за намалување на телесната тежина, елиминира токсини од организмот, го подобрува имунитетот, состојбата на кожата и дигестијата. Причината за ова е тоа што лимонот влијае врз хормонот за ситост – лептинот. Доколку лептинот не е во рамнотежа, телото започнува да создава масни наслаги. Лимонот помага да се одбегне дехидратација и истовремено го подобрува варењето.

ЧАЈ ОД ЛИСТОВИ ОД МАЛИНА

Листовите од малина одамна се користат за зајакнување на мускулите на матката. Научните истражувања потврдуваат дека оваа билка благотворно делува врз работата на хормоните. Жените кои го пијат овој чај во текот на бременост, немаат потешкотии при пораѓај.

Рецептот исто така е едноставен: прелијте една супена лажица листови од малина (може да се користат и суви) со 200 мл зовриена вода и оставете да отстои 10-тина минути. Овој чај не го пијте пред спиење, туку во текот на денот.

ЗЛАТНО МЛЕКО

Златното млеко го подобрува имунитетот и го доведува во рамнотежа нивото на хормоните во организмот. Овој напиток загрева, освежува и смирува. Се состои од куркума, кокосово масло и засладувач, а тоа е многу корисна комбинација за регулирање на хормоните и воопшто благопријатно делува врз организмот.

Ајурведата смета дека куркуминот кој е активната супстанција во куркумата – ја подобрува циркулацијата и метаболизмот на естрогенот.

Рецепт: во 200 мл врело млеко додадете половина чајна лажичка куркума и лажичка кокосово масло. Може да додадете и мед, по вкус. Овој напиток е најдобро да се пие навечер.

Најдобро е утрото да го започнете со топла вода и лимон. Чај од малини да пиете преку ден, а пред спиење да се почестите со златно млеко.

Loading...