20 СОВРШЕНИ ТРИКОВИ НА ВРВНИТЕ ШЕФОВИ: Отсега, секое јадење што ќе го подготвите ќе биде како од ресторан

20 СОВРШЕНИ ТРИКОВИ НА ВРВНИТЕ ШЕФОВИ: Отсега, секое јадење што ќе го подготвите ќе биде како од ресторан. Дали сте знаеле дека салатата има подобар вкус кога ќе ставите малку ванила во неа?




Подолу може да прочитате некои од наједноставните трикови на врвните готвачи. Вака го подготвуваат секое јадење, а ќе биде вкусно како од најскапиот ресторан. На едно место ги собравме советите на познатите готвачи.




Следете ги овие чекори и секое јадење ќе има совршен вкус: Ако сакате да додадете неколку парчиња ситно сечкан лук во садот, но се плашите дека мирисот ќе преовладува, тогаш, пред да ја ставите храната, истријте ја тавата со пресечено чешне лук.




Искусните готвачи најдоа достојна замена за пивото: овој пијалак подготвен од соја е одлична маринада за месото, а мала количина темно пиво што се додава при печењето на зеленчук на скара, ќе го направи уште повкусно.




Ако претерате со количеството сол додека готвите супа, не очајувајте. Ставете мала количина житарици во газа и потопете ги во супата. Додека се готват, житариците ќе го апсорбираат вишокот сол.




За да не ви злезе тврдо свинското месо, посолете го само на крајот од печењето. За да зготвите бел ориз побрзо, додајте неколку капки оцет во водата. Нема да го смени вкусот, ниту ќе се чувствува мирисот, бидејќи оцетот ќе испари.




За да спречите распаѓање на жолчката додека го сечете вареното јајце, најпрво потопете го ножот во ладна вода. За да биде бистра супата, додајте коцка мраз на крајот од готвењето. За да го направите меленото месо уште повкусно, изрендајте малку кромид или компир во смесата.




За да го отстраните горчливиот вкус од модриот патлиџан, исечете го, наросете го со малку сол и оставете го да отстои неколку минути. Потоа, не заборавајте да го исплакнете зеленчукот со ладна вода.




Бадемите полесно се лупат ако ги ставите во врела вода да отстојат 3 минути, а потоа во ладна вода исто време. За да направите совршен крем од кисела павлака, додајте сиров протеин додека ја матите, оној што го користат спортистите.




За подобар вкус на кафето, додајте малку сол пред да го зготвите. Се мисли на мала доза, прстофат сол. Премачкајте го месото со мед, коњак или сок од шипинки пред да го печете, и на тој начин ќе добиете крцкава кора, а истиот ефект се добива и со маслиново масло.




За да го направите месото посочно, додајте кора од банана некаде на страна во тавата, покрај месото. Користете мелени ореви наместо презла при похување за подобар вкус. Изладете ја чинијата за сервирање во фрижидер пред да го сервирате јадењето за да се олади побрзо, доколку е многу врело.

Зготвеното месо секогаш јадете го ладно бидејќи има поубав вкус. Ова важи за свинското месо. За супата да биде повкусна, додајте малку сок од морков пред да ја тргнете од рингла.

Додавањето ванила во салата од зеленчук изгледа чудно, но вкусот е навистина неверојатен и неодолив. Наместо оцет, користете сок од лимон. Вкусот на цитрусите нема да го наpyши вкусот на храната, а ќе има поосвежителен вкус.

Претходна статијаОвие 6 навики воведете ги уште денес – ќе ве спасат од сенилност, а мозокот ќе го истренирате да памти детали од пред 20 години
Следна статијаТРИК НА ИСКУСНИТЕ ДОМАЌИНКИ: Еве како да не ви испукаат јајцата за време на готвење