Зачинот кој е познат по своите лековити својства и помага при бројни здравствени состојби – дознајте кои!

Каранфилчињата се всушност неотворени мирисни розови цветни пупки на зимзеленото стебленце – каранфилче од Индонезија. Тие се еден од најпопуларните зачини во светот. Покрај слаткиот вкус кој им го даваат на на јадењата во кои се додаваат, каранфилчињата се познати и по своите лековити својства.

1.Го зајакнуваат имунолошкиот систем

Каранфилчињата имаат способност да ја зголемуваат количината на белите крвни зрнца, нашите “војници” во организмот.

2.Го подобруваат варењето на храната

Каранфилчињата се користат како лек за дигестијата, бидејќи поттикнуваат лачење на дигестивни ензими. Исто така, ја намалуваат мачнината. Покрај тоа, преполни се со влакна и спречуваат запек. Најдобар начин за третирање на дигестивни проблеми со помош на каранфилчиња е истите да се консумираат во облик на прав или печени во мед.

3.Ја намалуваат забоболката

Овој зачин има и локални анестетички својства. Ако имате забоболка, ставете каранфилче над забот кој ве боли за да ја елиминирате непријатноста додека да стигнете кај стоматологот.

4.Придонесува за здравје на црниот дроб

Црниот дроб е одговорен за детоксикација на нашиот организам и метаболизмот на лековите кои ги консумираме. Еугенолот присутен во маслото од каранфилче ја подобрува функцијата на црниот дроб.

5.Помагаат во ублажување на болките и воспаленијата во телото

Еугенолот исто така има аналгетско и антиинфламаторно дејство. За главоболка: Во чаша млеко ставете прстофат прав од каранфилче и испијте го. Локално: измешајте кокосово масло и прав од каранфилче, па масирајте го делот помеѓу челото и ушите за да ја намалите болката.

6.Добри се за коските и зглобовите

каранфилчињата содржат одредени елементи како што се флавоноиди, манган и еугенол кои го подобруваат здравјето на коските и зглобовите. Овие супстанци ја зголемуваат густината на зглобовите и учествуваат во создавање на ново коскено ткиво.

7.Имаат антибактериски својства

Студија спроведена на Универзитетот во Буенос Аирес го тестирала каранфилчето против некои сериозни бактерии како што се ешерихија коли и стафилококи. Истражувањето покажало дека маслото од каранфилче ефикасно ги елиминира тие бактерии.

8.Изобилуваат со антиоксиданти

каранфилчињата се еден од најмоќните извори на полифеноли. Тоа се микронутриенти кои ги апсорбираме која јадеме билки. Ги имаат следниве дејства врз нашето тело: го намалуваат холестеролот и крвниот притисок, ја подобруваат функцијата и флексибилноста на артериите и ја зголемуваат долговечноста.

9.Можат да помогнат во регулирање на нивото на шеќерот во крвта

Каранфилчињата се одлични за лица кои имаат проблем со шеќерот во крвта, бидејќи се однесуваат како инсулин во самото тело. Помагаат да се отстрани вишокот шеќер од крвта и ја враќаат рамнотежата.

10.Успоруваат згрутчување на крвта

Познато е дека еугенолот кој се наоѓа во каранфилчето го успорува згрутчувањето на крвта. Само имајте во предвид дека не смее да се комбинира со лекови за разредување на крвта. Консултирајте се со лекар пред да го внесете каранфилчето во вашата исхрана.