Вилијам Престон (13) од Невада долго време штедел пари за да купи автомобил за својата самохрана мајка и да и помогне кога мислела дека работите не можат да бидат полоши.

Вилијам живее со самохраната мајка, братот и сестрата, а како што пишува NBC, неговата мајка се мачела бидејќи немала автомобил. Така момчето решило да направи нешто околу тоа.

Кога не одел на училиште или не пишувал домашна задача, ова преслатко момче заработувало по малку пари косејќи ги дворовите на соседите. Заштедил доволно пари, а на оваа одлична идеја дошол кога на јутјуб видел како некои други деца, многу постари од него, ги изненадуваат своите родители купувајќи им автомобил.

На почетокот мислел дека нема да успее во намерата, а потоа еден ден на оглас нашол бел Шевролет Метро кој не бил многу скап. Сепак, сè уште му недостигале потребните пари.

Колку силно сакал да ја изненади мајка си покажува следниот потег кој го направил – на сопственикот на автомобилот му го понудил својот Xbox како замена.

„Автомобилот беше навистина евтин и го прашав сопственикот дали можам да го понудам мојот Xbox или дали можам да направам нешто за да го вметне во сумата. Таа прво одби, но потоа се предомисли и се согласи“, изјави Вилијам на новинарите.

Откако разговарал со сопственикот на автомобилот, тој и ја соопштил радосната вест на мајка си. Таа не му поверувала, па отишла кај жената која го продавала автомобилот и се уверила во неговата приказна.

„Беше уморен да ме гледа како постојано плачам. Во тешките моменти за мене прискокна син ми. Секој поминува низ тешки моменти во животот, но секогаш може да се случи нешто добро во секоја ситуација се додека се борите“, изјави мајката на Вилијам, Кристал Престон за „NBC-2“ и додаде:

„Се изгубив, врескав од среќа. Колку тринаесетгодишници познавате кои на својата мајка и купуваат автомобил? Не знам ниту еден, ниту пак сум слушнал за таков случај. Не можам да ги опишам чувствата. Нема зборови да објаснам колку сум горда“.