Кога наполнила 109 години, Џеси Гален официјално стана најстарата личност во Шкотска. Неодамна таа за јавноста ја откри тајната на долговечноста, која е изненадувачки смешна и едноставна.

Имено, доколку сакате да живеете здрав и долгорочен живот, таа препорачува секое утро да појадувате каша, а најважно од сè, почнете да ги избегнувате мажите.

Така е, според оваа жена, се испоставува дека тајната на долготрајниот живот цело време се криела кај мажите. Или поточно да се изразиме, ТАА се криела од мажите.

„Тие се многу поголема белја и носат неволји, отколку што вредат“, објаснила Галан. 109-годишната жена цел живот била независна, напорно работела од тинејџерска возраст и никогаш не се омажила.

„Работев напорно и ретко земав слободно време за празниците“, изјавила Галан. Во интервјуто таа зборуваше за својот живот пред да наполни 100 години и потоа.

„Таа е апсолутно неверојатна“, изјавила една од негувателките од домот. За жал, Галан починала набргу по давање на интервјуто.