10 природни лекови од орев: за тумор, хипотироидизам, чир на желудник, анемија

Оревите секогаш нека ви бидат при рака. Тие се вистинско богатство од хранливи материи и антиоксиданси и претставуваат еликсир за здравјето. Од нив можете да направите домашни лекови кои ќе ви се најдат во текот на целата година. Некои од лековите можете да ги приготвите веднаш, а за некои да причекате до пролет.

1.ОРЕВИ И МЕД ЗА ПОДОБРА ПЛОДНОСТ И ПОТЕНЦИЈА

Оревот е природен афродизијак кој содржи витамини Б1 и Б2, кои на телото му даваат енергија и витални елементи кои се важни за половите жлезди.

Богат е со цинк, кој е важен за нормална сексуална активност и функција на простатата.

Има зголемено дејство во комбинација со медот, кој исто така обилува со потребни состојки за машкото репродуктивно здравје.

Во еднакви количини измешајте мелени ореви со мед од костен и јадете по три лажици од мешавината, трипати дневно.

За најдобри ефекти, терапијата треба да трае најмалку 20 до 30 дена.

Оваа мешавина е ефикасна и при висок крвен притисок и главоболки.

2.МЕШАВИНА ПРОТИВ АНЕМИЈА

Со оваа смеса победете ја анемијата и исцрпеноста. Пригответе ја од:

500 г ливадски мед
500 г мелени ореви
1 лимон (сок)

Сето добро измешајте го и земајте по една лажичка на секои три до четири часа.

3.ОРЕВОВО МЛЕКО ПРОТИВ ЧИР НА ЖЕЛУДНИК

Оревовото млеко е лек кој помага во лекување на чир на желудникот.

Приготвување:

20 грама смелени ореви прелијте ги со 200 мл зовриена вода.
Добро размешајте, процедете и додадете една лажица мед.
Пред секој оброк се пие по 5-6 лажички оревово млеко.

4.ЗЕЛЕНИ ОРЕВИ ЗА ШТИТНА ЖЛЕЗДА

Младите зелени оревчиња се богати со градбени елементи од хормонот на штитната жлезда- јод и тирозин.

Во клинички испитувања е докажано дека маслото од зелени оревчиња значително го покачува нивото на тироксинот.

Овој домашен лек е особено популарен во лекувањето на хипотиреозата:

Помешајте еднакви делови мелени зелени оревчиња (со големина на лешник), со мед. Оставете на темно место 30 дена.
Се зема по една лажичка дневно.

5.ТРАДИЦИОНАЛНА РУСКА ТИНКТУРА ПРОТИВ СИТЕ ВИДОВИ ТУМОР

Направете мешавина од следните состојки:

150 г смелен корен од валеријана
50 г мускантно оревче
50 г пупки од бреза

Прелијте ја мешавината со 500 мл вотка или ракија, па додадете уште 150 грама цели лушпи од зелен орев.
Оставете да отстои 10 дена на темно место.

Земајте по 15 капки од тинктурата, трипати дневно, половина час пред оброк.

6.РЕЦЕПТ ЗА ПРЕКРИВАЊЕ НА ДАМКИТЕ ОД ВИТИЛИГО

Наберете зелени оревчиња пред да созреат. Измачкајте ги дамките со внатрешниот дел од лушпата на оревот.

Три дена мачкајте го истото место со сокот и трудете се да не го измиете со вода.

Зелените ореви можете да ги замрзнете и да ги сочувате до следната сезона.

7.ЧАЈ ОД МЛАДИ ОРЕВОВИ ЛИСТОВИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КРВТА

Чајот од млади оревови листови се применува како средство за чистење на крвта.

Претставува одлично средство против кожни заболувања, шеќерна болест и жолтица, хемороиди, паразити, костобол, а поради ниското ниво на натриум се препорачува и за бубрежни болести.

После берењето на листовите се оставаат да се исушат. Чајот се приготвува на следниот начин:

Две супени лажици исушен оревов лист се прелива со 200 мл студена вода, па се става на оган да се вари 5 минути. Се остава поклопено 15 минути па се процедува.

Се пијат 2-3 чаши чај дневно.

8.ОБЛОГА ОД ОРЕВОВИ РЕСИЧКИ ПРОТИВ КРВАВЕЊЕ

Две раце реси од орев се преливаат со еден литар зовриена вода па се остава 10 минути.

Овој одвар може да се користи како облога против крвавење, хемороиди и за вагинално испирање.

9.ПРАВ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ И ИСЦЕЛУВАЊЕ НА РАНИ

Смелете исушени зелени лушпи од орев.

За јакнење на организмот, дезинфекција и зацелување рани, земајте по две мали лажички прав заедно со вода или сок.

За надворешни облози помешајте 4 мали лажички во чај со ајдучка трева и нанесете на раната.

10.СИРУП ОД СВЕЖИ МЛАДИ ЛИСТОВИ ЗА ЗДРАВА КОЖА

Имешајте еднакви делови од:

-лист од орев и
-алкохол.

Оставете да отстои 48 часа.
Додадете онолку мед колку да добиете густ сируп.

Земајте по една голема лажица пред оброк.

Loading...