Aјдучката трева е отпорна билка позната како столисник, а може да биде висока до 80 цм. Бојата на стеблото е светло зелена или црвено-кафеава. Има мноштво пердувести лисја. Целото растение има многу пријатен мирис. Малите лисвчиња се бели или виолетово-црвени.
Ајдучката трева расте покрај патиштата и во полјаните со континентална клима. Таа има бели цветови кои цветаат од јуни до август. Ајдучката трева се бере за време на цветањето во пролетните денови, а листовите се берат до есен.
Надземниот дел на билката во времето на цветањето содржи 1% етерично масло, флавоноиди, витамин К, горчлива материја – ахилеин, смола и танини. Ајдучката трева е распространета низ цела Европа.
Расте на суви и на умерено влажни простори како ливади и пасишта. Добро ги поднесува и ниските и високите температури. Се собираат горните делови на билката или пак само цветовите кои се ситно бели собрани во соцветија во облик на штит.
Стебленцето на билката нема лековити својства. Билката има специфична арома и горчлив вкус. Горчливиот вкус доаѓа од горчливата материја ахилеин. Оваа билка содржи и многу танини, провитамин А, витамин К, калиум, флавоноиди, инулин и етерично масло богато со пинен, цинеол и хамазулен.
Колку етеричното масло е побогато со хамазулен, толку бојата е поинтензивно сина. Хамазуленот е многу ценета состојка која се користи во производство на скапите креми и масла за сончање. Дејствува против воспаленија на слузокожа и кожа.
Ајдучката трева уште одамна се користела во народната медицина, а претставува омилено лековито средство кое се користи и во современата медицина. Најчесто се употребува кај желудечно-цревните заболувања, при грозница, зголемен кр-вен притисок, како средство за сопирање на кр-вавењето и при мозочни и срцеви тромбози.
Освен тоа, ајдучката трева се користи и како јако антибактериско средство против бактериите како стафилококи, Ешерикија коли, кандида и други микроорганизми. Во народната медицина се користи за зараснување на ра-ните и за намалување на бол-ката.
Ајдучката трева се користи во составот на некои чаеви за прочистување на организмот, за зголемено излачување на жолчна киселина, за нормализирање на метаболизмот и за смирување. Може да се користи и за испирање на ра-ни и за подготовка на купки и облози.
Поради присуството на витамин Ц, ајдучката трева се користи при кр-ваевње и при лекување на хемороиди. Горчливата состојка ахилеин, заедно со танините и витаминот К, ја прави билката погодна за сопирање на внатрешни и надворешни кр-вавења.
При користењето на ајдучката трева треба да се знае дека кај осетливите лица може да предизвика алерегија. Затоа лицата со чувствителна кожа треба да користат само млади, процветани билки, а чајот да го пијат во помали количини.
Во народната медицина познато е нејзиното лековито дејство во смирувањето на воспалението на кожата и слузокожата, во лекувањето на ра-ните и гнојните процеси.
Етеричното масло од ајдучката трева е ефикасно против гасови, болки и грчеви во стомакот. Цинеолот од ова масло ги уништува патогените микроорганизми и се употребува против цревните паразити.
Ајдучката трева се препорачува против дијареа, воспалени хемороиди и други цревни заболувања. Од истите причини се употребува против воспалени слузници на усната шуплина, грлото, при фарингит и ларингит.
Ајдучката трева ја зајакнува мускулатурата на матката и ја нормализира обилната меструација. Ајдучката трева ги намалува стомачните тегови, а доколку се комбинираат бањи од ајдучка трева пред менструацијата, нема да почувствувате никакви болки кога ќе дојде.
Екстрактите од ајдучка трева се делотворни и при цисти и воспаление на јајниците, миоми на матка и ендометриоза. Поради диуретичното дејство и изобилството на минерали, ајдучката трева се применува за лекување на бубрежните заболувања.
Како добар диуретик, таа го елиминира вишокот течности во организмот, поради што е корисна и при срцеви заболувања, особено против проблеми со циркулацијата. Се препорачува редовно да се користи при менопауза бидејќи ги ублажува тегобите и помага за намалување на потењето.
Цветовите и лисјата имаат лековити својства. Тие се сушат на ветровити места на температура од 35 до 50 °С. При сушење се чуваат во кутии заштитени од светлина во период од една година. Цветовите имаат ароматичен мирис и горчлив вкус.
Ајдучката трева се смета за една од најлековитите растенија на нашите простори. Во медицина се користи како антибактериско средство против Ешерихија коли, кандида и други бактерии. Се користи во органско одгледување овошје и зеленчук. Го збогатува природното ѓубриво и го спречува развојот на патогени бактерии.
I Рецепт: Класичен чај направен од ајдучка трева
Потребни состојки: 2 лажички суви цветови ајдучка трева, 200 мл вода.
Постапка: Прелијте ја билката со зовриена вода и поклопете ја чашата. Оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете. Возрасните треба да пијат една чаша наутро и една пред спиење, а децата една мала чаша во текот на денот.
II Рецепт: Чај од ајдучка трева против астма
Потребни состојки: 200 мл вода, 50 г амброзија, 50 г ајдучка трева, 50 г цвет од лаванда, 50 г лист од бел слез.
Подготовка: Измешајте ги билките. Една лажичка од мешавината прелијте ја со топла вода, поклопете и почекајте да се излади чајот, а потоа процедете го и испијте го.
III Рецепт: Чај од ајдучка трева против хемороиди
Потребни состојки: 4 лажици амброзија, 2 лажици цвет од бабјак, 1 лажица лист од зеленика, 200 мл вода.
Подготовка: Измешајте ги билките и прелијте една лажичка мешавина со чаша зовриена вода. Поклопете и оставете чајот да отстои 10 – 15 минути. Процедете и додајте мед по желба. Консумирајте трипати на ден половина час пред оброк.
IV рецепт: Чај направен од ајдучка трева, коњско опавче и тегавец за хемороиди
Потребни состојки: 3 лажици ајдучка трева, 2 лажици коњско опавче, 2 лажици тегавец, 1 лажица млада дабова кора, 200 мл вода.
Подготовка: Земете една лажица од мешавината и прелијте ја со врела вода. Поклопете и оставете да отстои околу 15 минути, а потоа процедете и испијте пред јадење.
V Рецепт: Чај од ајдучка трева, коприва, анасон и пелин против хемороиди
Потребни состојки: 3 лажици ајдучка трева, 2 лажици лист од коприва, 2 лажици анасон, 1 лажичка пелин, 200 мл вода.
Подготовка: Измешајте ги билките и ставете една лажичка мешавина во водата. Оставете да отстои 15 минути, а потоа процедете и испијте го чајот.
VI Рецепт: Чај од ајдучка трева за третман на јајници
Потребни состојки: 1 лажичка ајдучка трева, 1 лажичка коприва, 1 лажичка невен, 200 мл вода.
Подготовка: Прелите топла вода врз една лажичка од смесата. Оставете да отстои два часа, а потоа процедете го чајот. Пијте три чаши на ден во период од три недели. За уште поголем резултат користете кантарионово масло за премачкување.
VII Рецепт: Чај од ајдучка трева за плодност
Потребни состојки: 1 лажичка ајдучка трева, 1 лажичка вркута, 200 мл вода.
Подготовка: Прелијте топла вода врз 1 лажичка од мешавината, поклопете и почекајте да се излади чајот. Засладете со мед и пијте трипати на ден.
VIII Рецепт: Ајдучка треба против камења во бубрегот
Потребни состојки: 20 г ајдучка трева, 20 г бреза, 20 г мечкино грозје, 20 г пченкарна свила, 1 л вода.
Подготовка: Прелијте три лажици од мешавината со топла вода. Оставете да отстои преку ноќ. Следниот ден процедете и пијте во текот на денот.
IX Рецепт: Чај од ајдучка за кандидијаза („бело пра-ње“)
Потребни состојки: 40 г ајдучка трева, 40 г камилица, 10 г жалфија, 10 г коприва, 1 л вода.
Подготовка: Измешајте ги билките и ставете четири лажици во зовриената вода. Поклопете го чајот и почекајте да се излади. Исплакнете ја ваги-ната со чајот додека да се воспостави нормалната флора.
X Рецепт: Ајдучка трева за нега на рацете
Потребни состојки: 2 лажици ајдучка трева, 300 мл вода.
Подготовка: Ставете ги билките во врела вода и варете уште три минути по зовривањето на водата. Оставете да отстои чајот 15 минути, а потоа процедете и кога малку ќе се подизлади, премачкајте ги рацете со чајот. Третманот повторувајте го додека рацете да ви омекнат. Овој чај може да го користат и доилките за премачкување на ран-ливите дој-ки. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска