Рецепт на „Саце Рецепти“. Домашно тесто слично на мекици, но некои ги нарекуваат и пишии. Излегуваат многу парчиња, а толку многу се вкусни што веднаш се јадат. Одлични се за посните денови, а се подготвуваат само од неколку состојки.

Доколку имате газирана вода и брашно, тогаш „фатете се за работа“ и подгответе ги овие лепињи. Немаат конкретно име па јас некогаш ги нарекувам лепињи, посни мекици, балони, пишии… Ова е одлична идеја за појадок, а се подготвуваат за 20 минути.




Воопшто не се масни, а одговараат за секој оброк. Може да се комбинираат во слатка или солена варијанта, во зависност од тоа дали постите, по ваша желба. Пишиите се толку многу меки и едноставни, а често ги подготвувале нашите баби кои со овој начин на иcxрана дoживeaле долги cлатки години.




Во овој рецепт користев газирана вода, но во стариот рецепт се користи сода бикарбона. Изборот на оваа состојка го оставаме на вас, а со сигурност ќе yживате во пишиите бидејќи се толку меки и воздушести, одлични за појадок, ужина, ручек или вечера. Потребни состојки: 200 мл газирана вода, 1 мала лажичка сол, 1 лажица масло, 360 г брашно, масло за пржење.




Постапка: Во сад ставете ја киселата вода, а потоа додајте ја солта и маслото и промешајте. Потоа постепено се додава брашното. Јас искористив 3 чаши брашно, но откога пресметав во грамови излегува 350 г.

Важно е постепено да го додавате брашното бидејќи така најдобро ќе го подготвите тестото според потребата. На крајот е потребно да се соединат сите состојки и да се формира мазно тесто кое нема да се pacпаѓа или да се лепи.




Додавајте по неколку лажици брашно и постојано мешајте ја смесата. Откога ќе се формира лепливо тесто може да преминете на месење со рака за да го формирате тестото. Соединете ги сите состојки додека тестото повеќе нема да се лепи во садот или на рацете.

Убаво формираното тесто е потребно да отстои во фрижидер 20 минути, но доколку го формирате тестото наутро, а вам ви се брза тогаш наместо да чекате 20 минути, тогаш продолжете да го месите тестото дополнителни 5 минути.




Доколку имате време, ставете го тестото во сад и ставете на површината проѕирна фолија и ставете го садот во фрижидер. Во меѓувреме испијте едно кафе или чај, како што тоа го направивме јас и сопругот.




По изминатото време, извадете ја фолијата, а тестото префрлете го на набрашнета и рамна површина и размесете го уште малку. Потоа со нож поделете го тестото на 8 еднакви делови.




Тркалезното тесто сечете го како пица, вертикално, хоризонтално и дијагонално. Секој добиен дел од тестото оформете го во форма на топче како бомбица и наросете малку брашно врз секое.

Секое топче на набрашнета површина развлечете го со оклагија додека да добиете кружна кора со дебелина од приближно 2 – 3 мм. Повторете ја истата постапка со преостанатото тесто. Во претходно загреано масло во тавче, пржете една по една мекица.




При пржење на тестото, некои делови од него ќе набубрат, но тоа е всушност слаткиот дел при јадењето. Тестото е многу меко и сочно, а на некои делови е крцкаво. Пржете околу 2 минути на секоја страна, но може и помалку.




Откога тестото ќе добие златно-кафеава боја тогаш мекиците се готови. Доколку сакате да бидат покрцкави, пржете ги подолго време. Секоја од мекиците редете ја во чинија со хартија за да се впие маслото во хартијата, а мекиците да не бидат масни.




Во комбинација со тестото совршено оди јогурт, сирење, ајвар, сувомеснато, павлака или слатка варијанта со мармалад, а доколку постите може да комбинирате со зеленчук. Но, мекиците сами по себе се превкусни така што не е неопходно да ги комбинирате со нешто.

Коментар од читателка – Душанка: Појадок кој мојата мајка често го подготвуваше. Убаво е што ги учите младите како да готват по принципот на постарите. Ова е лесен и едноставен појадок кој можат сите да го направат, а е и доста здрав. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.