ЃЕВРЕЦИ – ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ…Вакви нема никаде да се купат, а прелесно се прават…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (Се мери со чаша од 200 мл и мала чајна чаша од 125 мл):

1 чаша топла вода
1 кесичка сув квасец
1 мала чајна чаша масло
1 јајце (на собна Т)
1 мала чајна чаша цврст јогурт/кисело млеко/павлака
1 кесичка прашок за печиво
1 лажичка сол
5 чаши брашно
100 г ладен путер
50 г чедар или друг рендан кашкавал
За премачкување: 2 жолчки + 1 лажичка масло

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте го квасецот со топла вода, масло и јајце. Додајте јогурт и изедначете. Во течната мешавина започнете постепено да го додавате брашното помешано со сол и прашок за печиво.

2.Замесете меко тесто кое сосем малку се лепи за рака. Домесете го уште малку на набрашнета површина и обликувајте го во топка. Со дланките малку започнете да го сплесувате, а потоа со оклагија развлечете го во голема кора, приближно 50 см.

3.Преку цела кора изрендајте путер (од замрзнувач) и кашкавал. Потоа започнете со диплење: од долгата страна преклопете 4-5 см, па повторно и сѐ така до крај.

При секое преклопување притиснете малку со прстите одозгора. Долгиот правоаголник здиплете го уште двапати, од едната и од другата страна, повторно притиснете со дланките одозгора, завиткајте во кеса и оставете во фрижидер 20 минути.

4.Одмореното тесто развлечете го врз набрашнета површина во правоаголна кора 30 см. Исечете го на 8 ленти.

Секоја лента фатете ја за двата спротивни краја и виткајте во спротивна насола како да цедите пешкир. Потоа спојте ги краевите да добиете прстен-ѓеврек.

5.Ѓевреците наредете ги во 2 тепсии обложени со хартија за печење. Премачкјате ги одозгора со жолчки. По желба посипете сусам и црн ким.

6.Оставете ги 10 минути во претходно загреана рерна на 100 степени, а потоа вклучете на 190 степени и печете додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.