ЈОГУРТНА ПИТА…Брза подготовка, фантастичен вкус за само 5 минути! На овој начин подготвена е многу повкусна од пројата…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
600 мл цврст јогурт или кисела павлака
1 лажичка прашок за печиво
40 г путер
4 јајца
1 лажичка оригано
450 г брашно
400 г рендан кашкавал
ПОСТАПКА:
Измешајте јогурт, прашок за печиво, стопен путер, јајца и оригано. Добро соединете. Во течната смеса додајте просеано брашно и мешајте за да нема грутчиња. Додајте рендан кашкавал и промешајте.
Истурете ја смесата во калап 22 см подмачкан со масло. Ставете да се пече во загреана рерна на 180°C околу 40 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.