На 27 јануари, Српската православна црква го празнува Свети Сава – просветител, духовник и заштитник на образованието, поради што овој ден е познат и како школска слава.
Во домовите каде што има ученици, одамна постои убав обичај на овој ден да се месат и печат переци, кои потоа се служат на децата, роднините и гостите.
Переците не се случајно избрани – тие симболизираат скромност, труд и благослов, вредности кои силно се поврзуваат со ликот и делото на Свети Сава.
Легендата за монахот и переците
Според едно старо народно предание, корените на переците водат уште од раното христијанство.
Се раскажува дека еден монах, откако ќе замесел леб за манастирот, од останатото тесто правел мали печива во форма што потсетува на прекрстени раце во молитва.
Тие мали печива им ги давал на децата како награда за научените молитви и доброто однесување. Токму таа форма – како раце свиткани во молитва – со текот на времето станала препознатлив знак на переците.
Иако оваа приказна припаѓа повеќе на усното предание отколку на строгата историја, симболиката што ја носи е силна и убава:
👉 молитва, трпение, учење и духовно растење – сè она што го претставува и празникот Свети Сава.
Переци како дел од празничната традиција
Со векови наназад, переци се подготвувале како едноставно, но значајно печиво, особено во денови поврзани со верата и образованието. На Свети Сава, тие станале дел од семејната атмосфера и детската радост, без раскош, но со многу смисла.
Денес, секое семејство има свој начин и свој рецепт – од класични меки переци, до крцкави, посни или свечени верзии.
👉 На мојот сајт НМД можете да најдете повеќе различни рецепти за переци, па ако немате свој проверен рецепт, слободно одберете го оној што најмногу ви одговара и создадете сопствена празнична традиција.
РЕЦЕПТ 1
Солени посни переци – професионален рецепт со крцкава кора и мека внатрешност
РЕЦЕПТ 2
ДОМАШНИ ПЕРЕЦИ: Од многу малку материјал излегуваат 2 полни плеха
РЕЦЕПТ 3
ПЕРЕЦИ – рецепт со сите трикчиња, излегуваат повкусни од купечките
РЕЦЕПТ 4
Домашни меки и вкусни перечиња, совршени за брз појадок, ужина или вечера…Едноставен рецепт
РЕЦЕПТ 5


































