На пазарот ретко кој козметички производ има вака високи препораки и оценка од 4,5 од 5. Лесно ќе се одлучите да го ставите овој производ на вашата кожа, знаејќи притоа дека е целосно природен и сигурен.

Станува збор за маска која на кожата и дава сјај а е пофалена за различни состојби на кожата. Најдобро делува за избелување на дамки од митесери и лекување на акни кои многумина ги измачуваат. Веќе по првото нанесување, корисниците забележуваат подобар изглед на својата кожа.

Главната состојка на оваа маска е куркума – еден од најздравите зачини во светот.

Куркумата веќе со илјадници години се користи како третман за убавина во Индија. Традиционалниот обред за разубавување на жените со куркума се нарекува халди. Подразбира премачкување на делови од телото на младата девојка со паста од куркума пред венчавката, за кожата да и добие прекрасен сјај.

Одамна, Римјаните слушнале за магијата на куркумата и нејзините својства за убавина, па барале да им се доставува во Рим. Па така, наскоро овој зачин станал најважан третман за убавина на Римјанките.

Студиите покажале дека куркумата го намалува производството на меланин во кожата а исто така, дека ги намалува несаканите влакненца на телото.

Куркумата помага во спречување на ширењето на инфекции по стискањето на митесерите, делува силно противвоспалително, ги уништува бактериите од акните, а поради своите избелувачки својства ги намалува лузните и хиперпигментацијата на кожата.

Позитивната страна на куркумата е што нема нуспојави за разлика од агресивните средства за проблематична кожа (дехидратација и пецкање).

Куркумата помага и против брчки и погодна е за дехидрирана и сува кожа, како и кај розацеа.

Познато е дека го успорува процесот на стареење на кожата, ја стимулира сувата кожа поттикнувајќи ја циркулацијата и помага во одржувањето на здравиот тен.

ЗЛАТНА МАСКА ОД ИНДИЈА

Основните состојки за оваа маска се куркума и јогурт, но зависно од типот на кожата можете да додадете и мед, свежо цедени сокови, различни растителни масла, алое вера или брашно од целозрнести житарки. Ако ве загрижува жолтенилото после нанесувањето на маската, не се грижете, зошто со правилна употреба – нема да го има.

Следат три варијанти, зависно од типот на кожата:

МАСКА ЗА НОРМАЛНА, МЕШАНА И КОЖА СО ХИПЕРПИГМЕНТАЦИЈА

Потребни состојки:

½ лажичка куркума

1 лажичка јогурт

Неколку капки лимонов сок

Постапка:

Измешајте ги состојките и нанесете ја маската на чисто лице, оставете да делува 30 минути а потоа измијте ја. Маската можете да ја нанесете со шпатула, ако не сакате да си ги пожолтите рацете. Не се грижете, бидејќи се мие со вода и сапун.

МАСКА ЗА МАСНА И ПРОБЛЕМАТИЧНА КОЖА

Потребни состојки:

½ лажичка куркума

½ лажичка темен мед

Неколку капки алое вера гел

1 лажица сурутка или јогурт

Постапка:

Измешајте ги сите состојки и нанесете на чисто лице, оставете да делува 30 минути па исплакнете.

МАСКА ЗА СУВА И ЗРЕЛА КОЖА

Потребни состојки:

½ лажичка куркума

1 лажичка јогурт

½ лажичка масло по желба (арганово, кокосово, маслиново…)

Постапка:

Измешајте ги сите состојки и нанесете на чисто лице, оставете ја маската 30 минути а потоа исплакнете.

Ако направите поголема количина, маската чувајте ја во фрижидер.

Овие маски за лице се препорачува да се користат секој трет ден, а кај проблематична кожа и кожа со хиперпигментација може и почесто. Млечните производи во маските помагаат за полесно миење на жолтата боја од кожата. Потребно е добро да се измиете со топла вода, тоник или сапун.

ИТЕН РЕЦЕПТ ЗА ИСУШУВАЊЕ НА АКНИТЕ

Овој рецепт е најделотворен кога акната започнува да се појавува.

Измешајте малку јаболкова киселина и куркума, во вид на паста, па нанесете врз акната. Оставете да отстои околу еден час па исплакнете. Можна е појава на минливо црвенило, па затоа е најдобро оваа маска да се користи навечер.

Комбинацијата на јаболковата киселина со куркумата делува силно антисептично и антивосплително, па ги уништува акните во самиот корен, а воспаленијата се намалуваат речиси преку ноќ.

НАПОМЕНА:

Маските кои содржат куркума користете ги навечер, бидејќи ја прават кожата чувствителна на сонце.

Иако куркумата е безбедна за употреба на кожа, подносливоста на маските најпрво проверувајте ја на мал дел од кожата.