Колку и да звучи неверојатно, сепак е можано! Исклучително брза, лесна и едноставна за приготвување, оваа “зимница” за повеќето од нас е една од омилените. Сигурна сум дека нималку нема да се покаете доколку ја направите.

Без напорно печење и лупење на пиперките, оваа зимница се приготвува за многу кратко време. Кога еднаш ќе ја пробате – постојано ќе ја правите.

Потребни состојки:

(сè по вкус)
-лук (1 главица, ситно сечкано)
-сол (1 лажиче за секоја пиперка)
-масло
-оцет
-црвени пиперки

Постапка:

Доколку пиперките ги приготвувате веднаш за јадење, за неколку дена, може да ги приготвите во некој пластичен сад, а за зимница ќе ви бидат потребни стаклени тегли и пластични потиснувачи (мрежести тркалца).

Пиперките убаво измијте ги, избришете ги и извадете им ја дршката со семето. Лукот исчистете го и ситно исечкајте го.

Во секоја пиперка ставете едно рамно лажиче сол. Пиперките редете ги во плех од рерна. Ставете ги во загреана рерна, но не да се испечат, туку 10-тина минути колку да омекнат и сплоснат.

Оставете ги малку да изладат, а за тоа време пригответе ја маринадата. Сечканиот лук прелијте го со масло и оците, па промешајте.

Омекнатите пиперки редете ги во сад/тегла а преку нив прелијте од маринадата. Редете следен слој, а врз секој слој полијте со маринадата од лукче, масло и масло.

Не ги затворајте веднаш, туку само потиснете со нешто (пластични тркалца за потиснување) за да има време да се отпушти сокот од пиперките и кога се млаки можете да ги затворите.

Нивниот сок ќе ги чува наместо конзерванс и без проблем стојат три месеци (најмалку) без да им се промени вкусот. По желба, кој сака може да стави и сечкан магдонос. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: