ЗИМНИЦА…Совршена салата од моркови со лукче…Има рок повеќе од 1 година, а може да се јаде како прилог со секакво јадење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 кг моркови
1 главица лук
1 китка магдонос
50 мл бел оцет 9% или 70 мл јаболков
25 мл масло
3.5 полни лажици сол
3 лажици шеќер

ПОСТАПКА:

Морковите исчистете ги и исечете ги на тркалца, лукот на тенки ливчиња, а магдоносот ситно исечкајте го. Додајте оцет, масло, сол и шеќер и сѐ измешајте во еден подлабок сад. Оставете 20-тина минути настрана.

По изминатото време наполнете ги теглите (претходно стерилизирани во рерна на 60 степени 10-тина минути). Дополнете ги теглите со топла вода и затворете ги (водата не треба да биде премногу жешка за да не ви испукаат).

Добро затворете ги и превртете ги наопаку за да се вакуумираат. Рерната вклучете ја на 90 степени и наредете ги теглите да не се допираат. Оставете ги 90 минути во вклучена рерна, па исклучете ја и оставете ги внатре да се оладат.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/AFsD1Pn_Dhk?si=MQCFMLv5pudbwlu5