ЖЕШКА ПИТА… Брашно, сол и вода се состојките за оваа вкусна посна пита каква што ја правеа нашите баби…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кг брашно
1 лажица сол
700 мл жешка вода
100 г растопен маргарин или путер
масло за премачкување
тепсија 32 см
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад брашното просејте го и помешајте го со една супена лажица сол.
2.Сипете ја жешката вода и промешајте со лажица додека да се впие. Потоа замесете со рака додека да добиете мазно, меко тесто кое не се лепи на рака. Оставете го да одмори 10 минути.
3.На работната површина посипете пченкарно брашно и тестото исечете го на 30 помали парчиња. Обликувајте топчиња со големина на пинг понг.
4.Покријте ги со крпа за да не се сушат, па едно по едно развлечете ги во тенки кори со големина на чинија.
5.Секоја кора премачкјате ја со масло и редете ги една врз друга, по 5. Купчето ставете го во намастена тепсија, па продолжете со постапката и со останатите топчиња.
6.Секој нареден куп редете го врз претходниот. Оној куп што одморил во тепсијата со дланките притиснете го и потегнете го за да рашири, па ставете го следниот куп од 5 кори.
7.На крај фино притиснете ја целата пита да се распореди насекаде еднакво според големината на тепсијата.
8.Исечете ја на коцки и ставете да се пече 35 минути во претходно загреана рерна на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.