Жербо: Старински колач кој се топи во уста – за него сите зборуваат, неодолив е

Жербо торта – Старински колач со неодолив вкус кој се топи во уста. Жербо тортата малку се разликува од добро познатите жербо колачи. Колачите обично се приготвуваат со развлекување на кора и џем, а во тортата корите се карамел и малку се крцкави, но најдобро е да го пробате рецептот, па сами да ја забележите разликата. Рецепт и видео презентација на Бојана од Бокина кујна.

жербо коцки
жербо коцки
жербо коцки

Потребни состојки: 9 белки, 11 лажици шеќер, 15 лажици мелени ореви, 2 средно полни лажици брашно, 1 ванилин шеќер. Се пече една кора во плех од рерна на 180 степени околу 10-15-тина минути, а потоа се сече на три еднакви кори.

потребни состојки за кора
Одвојте ги белките од 9 јајца кои претходно биле оставени на собна температура
Во шеќерот додадете го ванилиниот шеќер, па постепено додавајте го во белките

За карамел: 15 лажици шеќер и 50 г маргарин. За чоколаден прелив: 100 г чоколадо и  2 лажици масло. За фил: 9 жолчки, 10 лажици шеќер и 120 г маргарин. За глазура: 150 г чоколадо, 50 г маргарин и 2 лажици масло

треба да добиете убав, цврст снег од белки
Кога најпосле ќе добиете убав цврст снег, со лажица постепено додавајте мешавина од мелени ореви и брашно
мешајте со шпатула
смесата треба да остане воздушеста

Постапка: Одвојте ги белките од 9 јајца кои претходно биле оставени на собна температура. Садот во кој ќе се матат белките мора да биде сув, а исто така и маталките од миксерот за да се добие убав цврст снег.

добиената смеса рамномерно распоредете ја во плех од рерна претходно обложен со хартија за печење
израмнете
Ставете да се пече во рерна загреана на 180 степени, околу 15 минути без отворање
кога ќе се олади, кората пресечете ја три еднакви делови

Во шеќерот додајте го ванилиниот шеќер, па постепено додавајте го во белките. Кога најпосле ќе добиете убав цврст снег, со лажица постепено додавајте мешавина од мелени ореви и брашно. Мешајте со шпатула или лажица внимавајќи смесата да остане воздушеста.

За карамел: 15 лажици шеќер ставете на оган
оставете да се растопи шеќерот со протресување
треба да добие карамел боја
во карамелот додадете 50 г путер и промешајте да се изедначи

Вака добиената смеса рамномерно распоредете ја во плех од рерна претходно обложен со хартија за печење. Ставете да се пече во рерна загреана на 180 степени, околу 15 минути без отворање. Кога ќе започне да се одвојува од ѕидовите, готова е. Оставете да излади а потоа пресечете ја на три еднакви делови за да добиете три кори.

со карамелот премачкајте две кори
премачкувајте во тенок слој
оставете да се олади

За карамел: шеќерот ставете на тивок ога за да се растопи, а кога ќе се карамелизира додајте го путерот и промешајте да се соедини. Веднаш додека е врел прелијте го врз двете кори (третата ќе биде најгоре и не треба да се прелива). Оставете да излади а потоа со нож малку избоцкајте ги корите.

пригответе го чоколандиот прелив
растопете го чоколадото во сјајна глазура
избоцкајте го карамелниот слој за полесно да се сече колачот

За чоколаден прелив: Во микробранова печка или на тивок оган растопете го чоколадото со две лажици масло. Оставете малку да подизлади, да не е врел, па прелијте го врз карамелот. Оставете да излади во фрижидер или на ладно.

преку карамелниот слој нанесете тенок чоколаден слој
премачкјате ги само двете кори
израмнете и оставете да се стегне

За фил: Пенасто изматете ги жолчките со шеќерот а потоа сварете ги на пареа. Кога ќе изладат додајте го пенасто изматениот маргарин, па заедно измиксајте ги за да добиете фин мазен крем. На самиот крај додадете два ванилин шеќери.

пенасто изматете ги жолчките
додадете го и шеќерот и продолжете да матите уште неколку минути
сварете ги жолчките на пареа
оставете го кремот од жолчки да излади
пенасто изматете го путерот и додадете го во кремот
изматете за да се соединат
Ќе добиете фин мазен крем

Редење: Врз чинија за полужување ставете ја првата кора, па додадете третина од филот, па втората кора, фил, третата кора (без карамел), фил, чоколадна глазура.

врз првата кора распоредете третина од филот
поклопете со втората кора
распоредете третина од филот
ставете ја последната кора
премачкајте го целиот колач со преостанатиот фил
подгответе ја чоколадната глазура
чоколадна глазура
прелијте ја целата торта и израмнете

За чоколадна глазура: сите состојки ставете ги на тивок оган додека да се растопат и соединат. Оставете ја тортата во фрижидер да излади и да се стегне глазурата, па сечете на коцки. Колачот е најдобро да отстои 2-3 дена за да омекне карамелот и полесно да се сече, иако може да се сече и веќе следниот ден. Целата постапка можете да ја погледнете на видеото ОВДЕ.

Жербо колачот веќе следниот ден можете да го сечете и да го послужите
Loading...