Жените во Југославија имаа магични моќи: Она што тие го знаеја, ние не можеме ни да го замислиме!

Тие можеа сè. Ништо не им беше тешко – работеа и му се радуваа на тоа што го работат.

Некогаш одамна во Југославија, луѓето живееја поинаку. На денешните млади луѓе, родени после 1990-тите, тешко е да им се објасни што се тоа штиркани кошули или штепувани фармерки.

Еве што жените во Југославија работеа, нашите мајки и баби, а денешните девојки тоа не можат ниту да си го замислат:

-Варење на постелнината за да добие бела боја

Денешната постелнина е уметничко дело. Бои во секакви нијанси, прекрасни принтови со цвеќина… Порано целата постелнина беше бела, а за да се сочува таа белина жените со часови во лонци на шпорети ги вареа чаршавите со сода бикарбона и сапун.

Потоа, во текот на ладните денови во водата додаваа сол, за да не се замрзне постелнината од ниските температури. Овој трик им овозможувал полесно сушење на облеката на жица.

Кога нашите баби биле девојки, постелнината не се перела во текот на зимата. Само се вареле ситни работи како долна облека и детски пелени. Напролет, кога ќе се стопел снегот, домаќинките переле купишта насобрани валкани алишта и постелнина која се трупала во текот на зимата.

Во средината на 60-тите се појавија првите машини за перење на алишта, кои на обичните граѓани им биле достапни дури во 80-тите години. Ако поседувале машина за перење алишта, домаќинките се чувствувале како кралици.

Тие години, секоја втора жена ја нарекувала машината “моја другарке”.

-Штиркање

Денес на Интернет постојат форуми на кои се објаснува постапката за штиркање. Ова не е случајност. Имено, со штиркањето алиштата го задржуваат обликот, помалку се гужваат и подолго остануваат чисти. Порано сè се штиркало, од кошули до асталски чаршави. За да го направите тоа, после перењето облеката се ставала во раствор од скроб, а потоа се цедела, па се сушела.

-Крпење на чорапи

Денес кога ќе се скинат чорапите едноставно се фрлаат. Порано тоа никој не го правел. Ако облеката се скинела, таа задолжително се крпела. Чорапите се крпеле толку пати додека не се свеле само на конец. Кога толку многу ќе се излижеле и износеле, со тешко срце се фрлале или се користеле како крпчиња за различна намена.

Жените со бескрајно трпение ги крпеле чорапите, па дури и долната облека на своите деца, а сето тоа за да се заштеди.

-Вез на облеката

Кога ќе се скинеле маици или панталони, жените со многу комплициран вез ги покривале овие новонастанати дупки. Тој вез прераснал во вистинска уметност.

Подоцна кога машината за шиење стана составен дел од секое домаќинство, жените започнаа да шијат облека за себе и за своите домашни, а материјали се користеле на големо. Штепаните фармерки станаа хит, па се крпеа и оние кои не беа искинати.

-Поставување на декоративни крпчиња на облеката

Некогаш дупките на облеката се крпеле термички: отсечен дел од ткаенината со помош на самолеплива лента и пегла се залепувала преку ткаенината. Се лепеле разни декорации: пеперутки, цвеќе, мачки и сл…

-Правење домашно сирење, кисело млеко, маштеница…

Жените знаеле какод а го искористат млекото на најдобар начин. Млекото се ценело како злато. Тие знаеле како да направат сирење, сурутка, кефир, кисело млеко… сè.

Напишете што знаела вашата мајка да направи, а вие сте имале потреба тоа да го научите? Споделете со нас во коментари.

Loading...