Во нашето опкружување мора да постојат некои граници кои се однесуваат на нас самите. Како што постојат правила на секое работно место, така, и во нашиот живот треба да се создадат граници кои нема да го нарушуваат нашиот спокој и мир. За да бидат среќни сите околу нас, пред сѐ треба ние самите да бидеме среќни, да бидеме свои.
Дали знаете како изгледа животот на личност која се труди постојано да им угодува на другите и да направи сите околу нив да се чувствуваат добро? Личност која не може да одбие да им помага на другите и која е секогаш тука за сите околу нив?
Таквата личност завршува исцрпена, незадоволна и на добар пат кон депресија и анксиозни состојби, велат психолозите. Да се биде премногу добар воопшто не е добро за вашето здравје. Кога ќе ги навикнете вашите блиски луѓе постојано да бидете тука за нив, тие ќе почнат да бараат премногу и да го очекуваат невозможното, да ви ја трошат целата енергија.
Некои граници мора да постојат во сè во животот, вклучувајќи го и тоа колку ќе бидете добри со другите. Ако се пронајдете во овој опис, време е да научите да кажете НЕ. Запомнете дека не треба да им угодувате на сите. Премногу љубезни и добри луѓе на крајот ги ставаат сите свои желби во втор план и никогаш не ги исполнуваат своите амбиции и цели до крај. Нивните интереси страдаат заради другите луѓе.
Сосема е во ред да им помагате на другите, но не кога тоа е на ваша штета. Ако не си добар со себе, на крајот нема да бидеш добар ниту со другите, тврдат психолозите. Кога правите многу, се завршува со тоа што таа личност ни најмалку не го цени вашиот труд, но тоа се зема здраво за готово.
„Немојте да се навикнувате на фактот дека можете да постигнете сè, бидејќи тие секогаш ќе очекуваат премногу од вас“, вели психологот Михалков. Ова правило може да се применува во сите сфери на животот, во деловното опкружување и во семејните односи.
Животот е еден, живеј го според сопствени правила, онака како што ти одговара. Прочитајте го животното искуство на една баба која решила да го помине остатокот од животот во старечки дом:
Татјана која има 92 години ја започнува својата приказна сакајќи да пренесе малку од своето животно искуство. Таа вели дека секое утро кога ќе се разбуди, има два избора. Веќе до 8 часот наутро се облекла, уредно се исчешлала и дискретно се нашминкала. Се подготвила да се пресели во старечки дом, бидејќи неодамна починал нејзиниот сопруг. Како што таа вели, немала друг избор.
Седела со часови трпеливо чекајќи нејзината соба да биде готова. И покрај сето ова, таа седела неподвижна и сериозна, се насмеала само еднаш кога медицинската сестра ѝ рекла дека е време да оди во собата.
На пат кон лифтот ѝ било објаснето како ќе изгледа нејзината мала соба и дека ќе има завеси кои наликуваат на прозорци. „Ох, ќе ми се допаднат тие завеси“, било првото нешто што го кажала баба Татјана и со ентузијазам на дете кое штотуку ја добило играчката за која сонувала.
Медицинската сестра се плашела од прераната реакција и можното подоцнежно разочарување, па претпазливо рекла: „Да почекаме прво да ги видите. Можеби нема да ви се допаднат“.
„Не е важно. Среќата е она што однапред ќе одлучите. Како изгледа мојата нова соба не зависи од распоредот и изборот на мебел, туку од начинот на кој функционира мојот мозок. Таа одлука ја носам секое утро, веднаш додека се будам.
Имам избор цел ден да го поминам во кревет размислувајќи за мојата болест и делови од телото кои повеќе не ми припаѓаат или да чувствувам радост и благодарност секој ден. Секој ден го гледам како подарок и додека сум жива ќе мислам само на убави спомени“, рекла бабата и додала:
„Староста е како банкарска сметка, парите што ги ставивте ги повлекувате сами. Ве советувам да ставите што повеќе моменти на среќа на вашата сметка за памтење“, рекла таа во еден здив и повторно замолчала.
Подоцна таа ги откри своите 5 многу едноставни правила за среќа: исчисти го срцето од злоба, исчисти го мозокот од грижи, живеј колку што можеш поедноставно, давај колку што можеш повеќе и не очекувај премногу.