Зелената диета се препорачува барем еднаш во годината или да се спроведе после празници кога се претерувало во јадење и пиење. Во текот на оваа диета се јаде овошје, зеленчук, житарици и компир, како и помали количини на немасно сирење и млеко.
Во овој режим на исхрана забранети се мешунки како грав, леќа, грашок, боранија, а исто така сите видови на месо и јајца.
Денот започнува со цеден сок, а за појадок се јадат цели плодови овошје или овошна салата. Овошната салата може да биде и ужина. Некаде до пладне се препорачува да се консумира само овошје, а откако ќе се изеде треба да се почека барем половина час до следниот внес на храна.
Подоцна, во остатокот од денот може да се консумираат различни интегрални житарици како јачмен, хељда, пченка. Житариците и компирот се најважните извори на енергија во текот на диетата, па би требало да се јадат во сите главни оброци. Компирот секога се јаде варен, како вариво или како салата.
Ручекот, односно главниот оброк треба да се започне со сок од свеж зеленчук, а во чинијата треба да има варен интегрален ориз или компир.
Со ручекот може да јадете колку сакате варен или динстан зеленчук, без масло. За вечера се приготвува свежа салата од разен зеленчук.
Млеко и ферментирани млечни производи исто така, не смеат да се мешаат со ниедна друга храна. Понекогаш оброкот може да се дополни со свежо сирење или друго немасно сирење во комбинација со зеленчук, најчесто во облик на салата.
Зелената диета првенствено е наменета за детоксикација на организмот, што води до губиток на вишокот килограми. Богата е со прехрамбени влакна кои го поттикнуваат овој процес, ја регулираат дигестијата и помагаат во намалување на холестеролот.
Исто така, зелената диета на организмот му обезбедува мноштво витамини, минерали и фитохемикалии (антоцијанини од бобинките, бета-каротен од портокаловите плодови, ресвератрол и фенол од железото).
Сепак, нема адекватен внес на протеини, па дури ни од растително потекло, како ни доволно железо, па поради тоа не се препорачува да се држи подолго од десет дена.
ПРИМЕР МЕНИ 1
Пред појадок: чаша свежо исцеден сок без додавање на шеќер.
Појадок: ововшна салата со половина лажичка мед.
Ручек: чаша сок од домати, густа чорба од морков со парчиња тиквички и интегрален ориз, парче тостиран леб, салата од свежа зелка.
Ужина: чаша јогурт, обезмастен
Вечера: чаша сок од морков, шопска салата (без многу сол и масло).
ПРИМЕР МЕНИ 2
Пред појадок: чаша свежо исцеден овошен сок
Појадок: парче интегрален леб, тенко премачкан со кравјо сирење, половина исечкан страк од праз. Парче ананас и едно киви.
Ручек: вариво од спанаќ (250 г спанаќ и 150 г компир варени на тивко 20-тина минути, на крај додадете лажичка сусам).
Ужина: овошен јогурт
Вечера: сезонско овошје.
ПРИМЕР МЕНИ 3
Пред појадок: чаша свежо исцеден овошен сок
Појадок: проја од пченкарно брашно
Ручек: њоки со сирење и брокула (250 г брокула и 125 г морков сварени во 150 мл зеленчукова супа, а на крај додадете 40 г сварени њоки, лажичка маслиново масло и пармезан по желба).
Ужина: шолја сечкано овошје.
Вечера: салата од варен морков, шампињони, пиперки, лук и магдонос.