ЗДРАВ ЛЕБ СО СЕМКИ БЕЗ БЕЛО БРАШНО…Без месење, за само неколку минути…Измешај и испечи!
Леб во тегла за една минута: Здравје и вкус во секој залак!
„Храната е нашето заедничко богатство, а вкусот е уметност што ја создаваме со љубов.“ – Непознат автор
Дали сте во потрага по брз, здрав и вкусен рецепт за леб што ќе го збогати вашето секојдневие?
Овој леб во тегла е вистинско откритие за сите што сакаат да избегнат бело брашно, рафиниран шеќер и вештачки додатоци, а притоа да уживаат во арома и текстура што освојуваат.
Направен со природни состојки како ленено семе, ореви и хељда, овој леб е хранлив, лесен за подготовка и совршен за секој оброк, пишува НМД.
Без комплицирани чекори, без долго чекање – само чиста магија во тегла! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
Прва опција:
– 3 јајца
– 1 чаша (240 мл) млеко
– 2 лажици ленено семе
– 2 лажици псилиум
Јатки по избор, во количина од 150 г
– 1/2 чаша (80 г) бадеми
– 1/3 чаша (40 г) кикиритки
– 1/4 чаша (30 г) индиски ореви
– 1 лажичка прашок за печиво
– 1 лажичка сол
Втора опција:
– 1 чаша (150 г) брашно од хељда
– 1/3 чаша (50 г) ленено семе
– 1 лажичка прашок за печиво
– 1 лажичка сол
– 1/3 чаша (40 г) псилиум
– 1/3 чаша (50 г) сусам
– 1 ½ чаша (360 мл) топла вода
– 2 лажици маслиново масло
– НМД
Постапка:
Прва смеса: Во длабок сад изматете ги трите јајца, па додајте една чаша млеко. Мешајте додека смесата стане хомогена.
Во смесата додадете ленено семе, псилиум и мелени јатки со прашок за пеиво и сол по вкус. Добро промешајте.
Смесата сипете ја соодветен сад (или тегли за печење) обложен со хартија и печете 40-45 минути во загреана рерна на 180°C.
Втора смеса: Во длабок сад измешајте ги сите наведени суви состојки. Додајте ги топлата вода и маслиновото масло, па мешајте додека да добиете еднолична смеса.
Оваа смеса е малку потврда од претходната, па добро би било малку да се измеси со раце и да се обликува во векна.
Ставете го во плех обложен со хаертија и печете го 40-45 минути во загреана рерна на 180°C.
Оставете го лебот малку да се излади, а потоа уживајте во неговиот богат вкус – самостојно или со омилениот намаз!
Овој рецепт е идеален за деновите кога сакате нешто брзо, здраво и неодоливо. Пробајте го и препуштете се на уживањето! Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ:
https://www.youtube.com/live/t7S-4-luGeE?si=JhheUSMbwYtwlX7Y