Сите што ја пробаа салатава рекоа дека е подобра дури и од туршија. Закиселениот модар патлиџан ќе стане вашиот омилен прилог од целата зимница што ја имате. Запишете си го овој рецепт…

Полека започнуваат да се собираат најдобрите рецепти за зимница, а многумина започнаа и со подготовките. Иако на денешно време има да се купи речиси сè, сепак домашното си е најдобро.

Доколку немате време да приготвувате големи количини одеднаш, тогаш најдобро е малку по малку, да се приготвуваат мали количини за по неколку тегли и да се користат едноставни рецепти.

За зимница си приготвуваме речиси сè, започнувајќи од ајвар, доматен сос, пиперки во тегла, везенки, печени и обични, пинџур, туршија…Но, сега имаме уште еден рецепт за модар патлиџан.

Македонците знаат да ја прават најубавата салата со модар патлиџан, кога истиот се сече на тркалца, се потпекува, па се маринира во тегли заедно со лукче и магдонос. Овојпат позајмивме рецепт од руските домаќинки, па се надеваме дека ќе ви се допадне и нивниот начин на приготвување.

Потребни состојки: 2,5 кг модар патлиџан, 1 голема главица лук (80 г), 1 китка копар/мирудија, 1 коцка за супа со вкус на печурки, 1 лажица сол или по вкус, 1 лажица бел оцет 9% (може и 2-3 лажици по вкус), околу 400 мл масло

Постапка: модриот патлиџан излупете го, па исечете го прво на ленти, а потоа и на коцки. Маслото ставете го да се загрее во подлабока тава, па додавајте го исечканиот патлиџан.

Не го додавјте целиот одеднаш, туку патлиџанот пржете го во неколку тури за да може убаво да се запржи и малку да зарумени. Вадете го со решеткаста лажица и ставајте го врз хартиена салветка.

После секоја испржена тура, со цедалка собирајте го ситното семе од маслото за да не загорува додека се пржи новата тура. Потоа издробете една коцка супа врз пржениот домат и додајте ситно исечкан лук и копар.

Посолете и додајте малку бел оцет за јадење 9%. Полека промешајте, внимавајќи да не се притискаат коцкичките, а сепак состојките рамномерно да се распоредат. Кога убаво ќе промешате, покријте го садот и оставете да отстои 20 минути.

Потоа вкусете, па досолете и докиселете ако е потребно. Потоа наполнете ги теглите кои претходно добро сте ги измиле со сода бикарбона. Потчукнувајте ги за да излезе воздухот. Наполнете ги до врв и затворете ги.

Потоа наредете ги во тенџере со вода и варете ги околу половина час за да се пастеризираат и вакумираат. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.