ЗАПЕЧЕН ЗЕЛЕНЧУК – Многу фин и лесен летен ручек – прсти да излижеш!

Одличен рецепт за искористување на зеленчукот што ви преостанал. Послужете со салата како лесен ручек или вечера. Многу е вкусно јадењето и кога ќе излади, па може да си го приготвите и еден ден порано или како закуска за гости.

Потребни состојки:

150 г кељ
1 тиквичка
2-3 лажици магдонос
4 јајца
1 главица кромид
3 чешниња лук
2 лажици крем сирење (Филаделфија)
1 шолјичка млеко
1 лажица брашно
½ шолјички сечкана сланина или панцета – кој што сака
½ лажичка црн пипер
½ лажичка сол или по вкус
Маслиново масло

Постапка:

Листовите од кељ измијте ги и ставете ги да се готват во малку вода, колку да бидат прекриени. Варете ги околу 7 минути а потоа процедете ги и ситно исечкајте ги.

Во подлабоја таба додадете масло и истно сечкан кромид. Доколку сакате да додадете и панцета или сланина (не мора), исечкајте ги што поситно, па додадете ги со кромидот. Пржете околу 3-4 минути. Во последната минутиа од пржењето додадете го лукот.

Додадете го исечканиот кељ и ситно исечканата тиквичка. Лесно динстајте околу 10-тина минути. Сега додадете брашно и пропржете 30 секунди, па полека долејте млеко со постојано мешање. Сосот ќе стане густ. Доколку е прегусто додадете уште малку екстра млеко или вода.

Додадете сол, црн пипер, крем сирење и магдонос. Смесата треба да биде доста густа, слично на пудинг. Тргнете од оган и оставете малку да излади.
Додадете изматени јајца и добро промешајте.

Тавата за печење премачкајте ја со путер или масло и излејте ја смесата во неа. Прекријте ја тавата со фолија одозгора но нека има отвор од страна. Ставете во рерна да се пече на 180 степени околу 35 минути. Последните 10 минути тргнете ја целосно фолијата за да се запече одозгора.

Loading...
Претходна статијаПОСНИ КРОФНИ – Моите вчера не забележаа дека јадеа посни крофни
Следна статијаЗаборавете на вртоглавица, висок холестерол и болести на штитна жлезда со овој ЧАЈ