Дома сите ги сакаме питулиците и воопшто не ми е тешко да ги правам на овој начин. Тестото излегува како да го подготвил професионалец, а не се замарам ни премногу околу месењето. Техниката е клучна, а тоа е да се одмори тестото и да здиплите. Кога ќе се испече се разлистува на сто листа. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г брашно, 150 г гриз, 1 чајна лажичка прашок за печиво (1/2 кесичка, 5 г), 300 мл топла вода, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 150 г путер или маргарин за премачкување

ПОСТАПКА: Во подлабок сад сипете ги брашното, прашокот за печиво и гризот, па измешајте ги те и во средината направете вдлабнатина како бунарче. Водата загрејте ја, па во неа додајте ги шеќерот и солта, промешајте да се растворат и истурете ја во бунарчето.

Тестото замесете го со рака за да стане компактно, а потоа истресете го врз мазна работна површина и добро изработе го за да добие на еластичност. Ова тесто не содржи квасец ниту прашок за печиво, па затоа е потребно да се меси 5-7 минути, со развлекување, за подоцна кога ќе се испече, да биде убаво и меко.

Штом почувствувате дека станало еластично и мазно, обликувајте го валјак или топка за полесно да го поделите на четири еднакви дела. Од секој дел обликувајте топче. Топчињата премачкјате ги со масло за готвење, покријте ги со кеса или проѕирна фолија и оставете ги да одморат 1 час.

За ова време тестото нема да нарасне, но добро ќе се опушти и лесно ќе се работи со него. По изминатото време земете едно топче и со прстите развлечете го во кора прво со големина на чинија, па полека продолжете да го развлекувате и малку да го потегнувате од страните додека да добиете многу тенка и речиси проѕирна кора.

Премачкјате ја одозгора со омекнат путер и започнете со диплење како за лиснато тесто: преклопете ја од едната и другата страна, така да добиете долгнавест правоаголник од 3 листа.

Свиткајте го во ролатче, како сарма, а потоа притиснете го со дланката одозгора како пружина. Кога ќе го сплескате ќе добиете питулица како палачинка со 100 листови.

Постапката повторете ја со останатите три теста. Потоа секоја мала питулица наросете ја со малку брашно и развлечете ја уште повеќе со помош на оклагија. На умерена температура загрејте нелеплива тава.

Спушете една питулица во загреана тава, па кога ќе зарумени од долната страна, превртете ја и печете ја уште неколку минути додека да зарумени и од другата страна. Печените питулици редете ги една врз друга и послужете ги топли, а вкусни се и ладни. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.