Кога станува збор за здравјето во самоизолација и опасност од заразување со актуелниот корона вирус, нутриционистите се едногласни за тоа, која храна и зачини се најдобри за дишните патишта и имунолошкиот систем.
За добро здравје од особена важност е организмот да има изградено силен имунолошки систем за одбрана од вирусни и бактериски инфекции.
Најдобриот начин за подобрување на имунитетот е да се избалансираат калориите, да се јаде полесна и и лесно сварлива храна.
Тоа најлесно се постигнува со внес на добри масти, влакна, квалитетни јагленихидрати и различни изворни на белковини.
Како и кај други вирусни инфекции, постојат намирници кои можат да го подобрат имунолошкиот систем. Првенствено, тоа е храна богата со Ц витамин, свежо овошје или кратко термички обработено, масти и влакна.
Треба да се јадат намирници богати со витамин Ц како што се: кромид, лук, праз, магдонос и целер. Кромидот и лукот освен што се одлични во борбата против вирусите и бактериите, исто така, помагаат и кај различни респираторни инфекции.
Кромидот можеме да го јадеме сирув, а можеме да го ставаме и во супи. Исто така, сечканиот магдонос или целер добро е да се додаде во супа. Што се однесува до овошјето, одлични овошја се цитрусите, калинките и сите сезонски плодови што можат да се најдат ова време.
Во исхраната треба да се додаде и маслиново масло, да се јаде месо (во мали количини), риба, авокадо и јаткасти плодови.
Јадете намирници кои се лесно сварливи и создаваат слуз во желудникот и во горните дишни патишта. Динстаната храна, житариците, мешунките, месото, рибата, зеленчукот кој е кратко термички обработен и салата. Покрај тоа, се препорачуваат и зачини во исхраната.
Редовното консумирање на таквите намирници го штити организмот од вируси и бактерии и ни помага во спречување да се разболиме. Потрудете се да набавите различни зачини и билки. Циметот и црниот пипер се одлични зачини, а циметот помага да се зајакнат белите дробови.
Покрај тоа, многу е важно е да се пијат топли напитоци. Чајот е одлична превентива. Меѓу поефикасните чаеви за оваа намена, се чајот од ѓумбир, а во него можете да додадете и каранфилче кое е антисептик. Каранфилчето можете и да џвакате бидејќи го дезинфицира грлото и целата усна шуплина.
Исто така, устата може да се плакне и испира со чај од жалфија. Во чајот треба да додадете мед кој нежно делува врз слузокожата и лимон кој е богат со витамин Ц. Може да се додаде и сок од портока, но со него треба да внимаваат оние што имаат гастритис, бидејќи делува агресивно врз слузокожата на желудникот.
Покрај тоа, во чајот можеме да додадеме и малку црн пипер. Наместо ладна вода обидете се да пиете топла вода, односно топла до ниво на подносливост.
Доколку забележите симптоми на настинка треба да се придржувате на овие прехрамбени навики, да се внесуваат лесни оброци, односно намирници богати со нутриенти, да се пијат топли напитоци и да се испира усната шуплина со прополис кој има антивирусни својства и помага во борбата против вирусите и бактериите.
Покрај исхраната, многу е важна и физичката активност и изложување на сонце. Сончевата светлина е добра за имунитетот, а лоша за вирусите. Една од причините зошто зимскиот грип е проблем, е тоа што вирусот на грипот се пренесува при ниски температури и ниска влажност.
Сончевата светлина исто така, му помага на нашето тело да произведе витамин Д, а бактериите и вирусите се уништуваат со помош на сонце.
Изложеност во природа го намалува стресот, а и ја подобрува функцијата на имунолошките клетки.
Затоа, сите оние што имаат дворови и тераси, нека го користат сонцето максимално додека се во самоизолација.
Уште еден клучен фактор за подобар имунитет е сонот. Регенерацијата на нашите ткива најдобро се активира од 22 часот, па до 2 часот после полноќ.
Ако го прескокнеме овој дел, го прескокнуваме лачењето на хормонот на растот кој влијае врз опоравокот на нашите ткива и имунолошкиот систем.
Со тоа ја намалуваме можноста за одбрана на организмот од било кој причинител на настинка. Спиењето на време е многу важно, а исто така и раното будење.
Да се легне на спиење со 23 часот е клучно за имунолошкиот систем. Просечно се доволни 7 до 8 часа, а на некои луѓе им се доволни и 6 часа сон.