Роденденската прослава за секое дете е еден од омилените денови во годината. Тогаш е во центарот на вниманието, му се исполнуваат сите желби и ден кога најчесто го добива долго посакуваниот подарок.

Но уште повеќе му значат заедништвото и забавата со своите драги луѓе: пријателите и роднините.

Сепак, овие месеци кај многумина деца ќе изостане таквата прослава, но тоа никако не значи дека на своето дете со малку труд и креативност не можете да му приредите весел роденден кој ќе го памти цел живот.

Нека овие неколку идеи ви помогнат во сомислувањето на прославата на која ни корона вирусот нема да може да и застане на патот.

1.Направете или порачајте посебна торта

Тортата е секогаш ѕвезда на роденденските прослави, а во овој дел од годината е особено важна, бидејќи на децата ќе им пружи чувство дека сè е во ред.

Доколку не можете да пронајдете слаткарница која ќе ви ја достави тортата на домашна адреса, без проблем можете да пронајдете било каков рецепт на интернет.

Пронајдете го вистинскиот рецепт за онаа торта за која знаете дека ќе ги најдете потребните состојки, а во самото приготвување можете да го вклучите и детето.

Заедно со вас нека ја мати смесата, нека додава посебни состојки и слично. Можеби тоа ќе предизвика мал неред во кујната, но време за средување ионака имаме доста, а детето ќе биде пресреќно и задоволно.

За да го сочувате елементот на изненадување, само финалното украсување на тортата направете го сами или со вашиот сопруг. И да, не заборавајте на набавите свеќи. За среќа, нив ги има речиси секоја продавница.

2.Што е со подарокот? Порачајте со време од Интернет или направете го сами

иако пред нас се економски несигурни времиња, на детето обезбедете му барем еден подарок.

Можете да го направите и сами или пак да одберете да му купите една работа која детето навистина многу ја сака.

Ако одлучите подарокот да го направите сами, вклучете ги и другите деца, како и другите членови од семејството кои не можат да присуствуваат на самата прослава.

3.Вклучете ги домашните миленичиња и играчките во прославата

Бидејќи не смеете да поканувате гости, вашите домашни миленичиња и плишаните играчки ќе бидат нивна замена, а тоа на детето сигурно ќе му остане во сеќавање.

Ако имате домашен миленик, ставете му роденденска капа, а истото направете го и со куклите и со плишаните играчки. Сите нив можете да ги наредите на креветот или на масата и да “глумат” гости, а детето верувајте ќе биде пресреќно.

4.Соберете снимени желби

Соберете снимени желби и честитки од сите пријатели и роднини кои инаку ќе беа поканети и ќе дојдеа на прославата. Снимените честитки заедно вкомпонирајте ги во посебно видео кое ќе му го пуштите на детето.

Може да се слушнете и “во живо” на самиот роденден.

5.Смислете забавни активности кои тој ден ќе се разликуваат од останатите

Иако веќе не знаеме кој датум и кој ден е, бидејќи сите почнаа да наликуваат како јајце на јајце, сепак, нека роденденот на вашето дете биде поразличен. Осмислете барем неколку активности кои тој ден ќе му го направат барем малку посебен.

На пример, извадете ги новогодишните светилки за посебниот настан, во една чинија ставете шарени ливчиња на кои ќе ги испишете плановите за ово лето, што ќе правите кога пандемијата ќе заврши, направете мала тврдина во дневната соба или пак виртуелно посетете некои од забавните паркови ширум светот, како што е Дизниленд на пример.

И прославата може да започне! СРЕЌЕН РОДЕНДЕН