Кога размислувате околу подготовките за велигденските празници, освен вапцањето јајца, велигденската погача, разните слатки, вкусни колачиња, исто така не го заборавајте ниту украсувањето на домот.

Велигден е еден од најголемите и најрадосните христијански празници. Велигден е симбол на победата на животот над с-мртта, симбол на љубовта, симбол на преродбата, симбол на победата на светлината над темнината.

Водени од таа логика, дозволете си себеси да се радувате на животот и на тој начин да го прославите Велигден. Подгответе вкусни јадења, соберете драги луѓе околу вас, но не заборавајте и на амбиентот: украсете ја куќата во „велигденски стил“ за да доминираат радоста и преродбата.

Она со што се карактеризира Велигден и новото раѓање, се токму велигденските јајца, но и свежото цвеќе. Радоста ќе ја повикате во вашите срца доколку на масата поставите мноштво шарени јајца и цвеќе.

Пва се петте најдобри начини за украсување на вашиот дом со цвеќе за време на Велигден:

Јоргован или нарцис

Ставете ги во кристални вазни на средина на масата и уживајте во мирисот на пролетта. Додајте бели празнични салфетки, свежо цвеќе и неколку свеќи, и вашата празнична трпеза е подготвена.

Цвеќиња во стаклени куполи

Ако не сакате вашата храна да дојде во контакт со цвеќето или дечињата да ги фаќаат, најдобро е цвеќето да се изолира во долги стаклени вазни, шишиња или тегли. Таквата декорација дополнително ќе придонесе за празнична декорација на масата.

Лушпи од јајца како украс

Кога правите колачи и солени јадења за Велигден, ќе ви останат многу лушпи од јајца. Покрај тоа што можете да ги искористите како ѓубриво за градината, можете да ја декорирате масата со нив. Сè што треба да направите е да ја наполните лушпата од јајца со цвеќиња.

За мали трпезариски маси

Ако немате многу простор за украсување на вашата трпезариска маса, сè што треба да направите е да ставите сталажа за торта на 3 спрата и да го поставите украсот на неа: шарени јајца и цвеќиња.

Весела вазна

Земете една широка, провидна, стаклена вазна. Наполнете ја со шарени јајца, и ставете свежо цвеќе над неа. Нека биде вашиот централен украс на масата!

ЛЕГЕНДАТА ЗА ЈОРГОВАНОТ – СИМБОЛ НА ВЕЛИГДЕН

Јоргованот е симбол за Велигден, а легендата вели дека се створил од благословот на Богордица. Мора да се согласиме дека еден од најубавите мириси во текот на пролетта доаѓа од јоргованот.

Тоа е вид што расте на територијата на нашата земја. Сепак, јоргованот е широко распространета билка како традиционално култивирано растение. Речиси не постои постара куќа што нема јоргован во својот двор, кој може да биде стар и повеќе од триесет години.

Постојат неколку видови на јорговани кои можат да се разликуваат по формата и нијансата, како и збиеноста на самиот цвет. За разлика од хибридите кои имаат проширено цветови со потемна боја и поголеми соцветија, ова е едноставна и основна форма на јоргованот.

Ова растение е многу убаво токму затоа што е создадено од природата без никакви промени да биде со толку убави и големи цвеќиња и прекрасен мирис. Покрај класичната класичната сина или розова-виолетова, постои и бела форма на јоргованот, која е исто така многу убава.

Сепак, интересно е да се каже дека јоргованот е вид што е толку лесен и издржлив за одгледување, што дури можеме и да го униш-туване, но тој повторно ќе се врати. Затоа, доколку одгледуваме јоргован, тој повторно ќе цвета и ќе даде голем број нови изданоци.

Секоја година после цветањето, јоргованот треба да се поткастри за да се ослободи од некои гранки. На овој начин, ќе го поттикнеме растението да даде нови и свежи квалитетни изданоци кои ќе се формираат така што на врвот ќе содржат две пупки.

Од нив, ќе се формираат убави цветови со големи и исполнети соцветија, а не мали мали и подвиткани цветови. Кастрењето на јоргованот не е задолжително, но тоа ќе поттикне создавање на изобилен цвет.

Покрај тоа што првенствено е украсно растение, јоргованот спаѓа и во лековитите видови на билки. Неговите листови и цвет може да се користат за разни препарати, и затоа е многу ценет. Покрај тоа, семето што останува по цветањето се користи за разни медицински цели.

Легендата за јоргованот

Луѓето велат дека кога Христос бил рас-пнат, Пресвета Богородица била преплавена од б олка и зас-лепена од солзи, па одела бесцелно, не знаејќи каде оди. Одејќи под товарот на б олката, таа седнала да се одмори под едно дрво полно со листови, но не и со цвеќиња. Ова дрво никогаш не ни цветало.

Заспала толку многу уморна. Потоа, од дрвото, лисјата полека почнале да паѓаат и нежно ја покриле Пресвета Богородица за да ја загреат.

Кога се разбудила Пресветата, почувствувала дека и е топло. Ги видела листовите врз себеси. Го погледнала дрвото над неа, и видела дека целото е без листови. Затоа нејзе не и студело.

Тогаш таа го благословила дрвото: Биди благословено и миризливо засекогаш.

Во еден момент, дрвото повторно било исполнето со зелени листови и процветало со миризливи цвеќиња за прв пат. И така сè до ден денешен. Некаде околу Велигден…