ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ ОБОЖАВААТ КИСЕЛА ЗЕЛКА, А НЕМААТ ПОДРУМ: Јас имам решение, подготовка и начин на чување. Интересен начин на складирање кисела зелка за зимница на Валентина Машковиќ.
„Здраво драги пријатели. Денес со вас сакам да споделам еден многу едноставен начин на подготовка на кисела зелка во тегла.
Знам дека повеќето живеете во станбени згради, а времињата не се како порано кога редовно се подготвуваше зимница во големи тенџериња, па зелката се чуваше во буре.“
Киселата зелка во тегла излегува подеднакво вкусна како и кога ја подготвувате во буре. Теглите се чуваат во шпајз, а цела зима ќе имате вкусна свежа зелка која може да ја користите за салата, подготовка на пита, подварок..
Во подготовката не се користи конзерванс, ниту винобран, едноставно се што ви треба е неколку главици зелка и сол, па се остава да отстои 1 седмица, а за ова време зелката ќе ферментира. После тоа е спремна за јадење.
Јас во рецептот користам 2 главици зелка, може да користите и 3 или 4, во зависност колку зелка сакате да имате за зима, но мој совет е да направите помалку, на пример 2 главици зелка кои ќе ве „крепат“ за неколку месеци.
Не заборавајте дека зелката е зеленчук кој го има во текот на сите зимски месеци, па кога ќе останете на 1 тегла од зимницата, може веднаш да си направите нова тура.
Сепак, колку подолго оставите зелката да отстои во нејзиниот сок, толку повеќе ќе ферментира и ќе се закисели, па може дури и да ви биде непријатно за јадење.
Затоа сега направете си ја оваа количина која јас ја подготвувам, а понатака по потреба подготвувајте си уште, бидејќи многу лесно се закиселува…
Бо 1 ден ќе направите за наредните 2-3 месеци, ќе видите и сами по постапката која е исклучително лесна.
Сè што треба да направите е да користите цврсти и зрели главици зелка кои треба да бидат добро измиени. Главиците се сечкаат ситно или се рендаат на ренде, па сета зелка се собира во поголемо тенџере.
Потоа се додава сол и се промешува со раце додека подеднакво се распореди солта. На 1 кг зелка се става 1 полна супена лажица сол.
Потоа врз тенџерето се става некој потисок (оклагија) и одозгора се покрива со памучна крпа и се остава да отстои 2-3 часа додека зелката да го испушти својот сок.
По изминатото време додека отстојала зелката, ја пробувате во случај да фали сол и додавате по потреба.
Ќе забележите дека зелката за ова време испуштила многу сок и сè заедно започнувате да складирате во теглите. Исто така, користете чисти и стерилизирани тегли.
Со раце или со поголема лажица полнете ги теглите со зелка, а потоа подеднакво распоредете го сокот во нив. Не ги преполнувате теглите до врв, оставете 1-2 прсти простор во теглата, а одозгора ставете мрежа/пластична решетка за потиснување.
Исто така, уште еден мој совет до вас. Зелката не се затвора со соодветниот капак додека трае процесот на ферментација.
Едноставно теглите се поклопуваат со тацна или крпа и се оставаат во шпајз или на некое друго темно и суво место да отстојат 7 дена, додека зелката да скисели.
По ферментацијата, слободно затворете ги теглите со соодветниот капак и зелката е спремна за употреба.
Оваа количина ќе ви трае 2-3 месеци, секако во зависност колку јадете итн.., но ако отстои подолго време неискорестена може да прекисели. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.