Оризот е лесно доспна намирница и често се комбинира со друга храна. Секогаш можете да го ставите оризот како прилог, без разлика дали уживате во кинеска, италијанска или друга вкусна кујна.
Треба да знаете дека во една чаша ориз има 240 калории кои доаѓаат претежно од скробот, кој подоцна при дигестијата се претвора во шеќер, а на крајот, вишокот кој нема енергетски да се потроши, се претвора во масти.
Внесот на голема количина скроб може да биде штетно за организмот и да го зголеми ризикот за развој на дијабетес.
Сепак, еден тим истражувачи од Универзитетот за хемиски науки во Шри Ланка, измислија концепт за горење на мастите и апсорбирање на повеќе од 50% од калориите.
Нивната идеја вклучува користење на кокосово масло во комбинација со ориз.
Зошто треба да се комбинира оризот со кокосово масло?
Овој метод на готвење ја подобрува содржината на белиот ориз: откако ќе зоврие водата, додадете една лажица кокосово масло, па потоа додадете го измиениот ориз.
Оставете да врие околу 40 минути, или додека оризот целосно да биде подготвен. Чувајте го во фрижидер 12 часа, а потоа уживајте во оброкот!
Овој метод за готвење е идеален за оние кои се борат со прекумерна телесна тежина или дијабетес. На овој начин се зголемува отпорноста на скробот и до 10 пати.
Како функционира овој метод?
Кокосовото масло го врзува скробот при процесот на готвење, и на овој начин ги прави шеќерите отпорни на ензимите за варење. Потоа, процесот на ладење (12 часа во фрижидер) ја активира амилазата позната како „гел“.
Во 12-часовното ладење, скробот се менува во таканаречен „отпорен скроб“. Нема да згрешите ако потоа го подгреете оризот, бидејќи топлината повеќе не може да го промени хемискиот состав на оризот.
Во превод, сето ова значи – минимизирање на калориите. Сепак, постои потреба од дополнителни истражувања, а експертите се’ уште трагаат по идеалната сорта на ориз за оваа потреба.
Оризот е најдобро да се комбинира со храна богата со растителни влакна како што е сладок компир, киноа, печурки, темнолистест зеленчук и јачмен.