Женската ејакулација е една од мистериите на човековото тело за што се интересирале уште во дамнешни времиња. За ова пишувале и великаните на античкиот свет, Аристотел и Хипокрит, кои сакале да го откријат потеклото на „женската сперма“.

Последното истражување, спроведено во почетокот на годинава, открива дека постојат два вида на женската ејакулација.

Најновото истражување, кое го спроведе Самуел Салам во Франција, се послужи со ултразвук и хемиската анализа со цел да го пронајде конечниот одговор на прашањето за потеклото на женската ејакулација.

Со помош на ултразвук, на жените им бил прегледан мочниот меур пред сексуален однос, со цел да се потврди дека тој е празен.

Веднаш по оргазмот, мочниот меур на жените се исполнувал, но по испуштање на ејакулатот се враќал во претходната состојба, односно се празнел.

Со биохемиски анализи на течностите се покажало дека две од петте жени исфрлиле од телото течност која има состав ист како и нивната урина.

Во течностите на другите жени е пронајден антиген специфичен за простатата, кој го лачи Скеновата жлезда, односно „женската простата“. Течноста на овие жени била бела и личела на млеко, а всушност за таква се смета женската ејакулација.

-Ова истражување помага да ја разбереме контроверзијата околу течноста која многу жени ја испуштаат при оргазмот.

Тоа очигледно се две различни течности, од различен извор. Уште не е познато дали тие течности имаат некоја психолошка улога – објаснува Бери Комисарук, еден од експертите во истражувачкиот тим.