За само 3 дена! Против болки во зглобови, артритис, ревма… Ќе ви претставиме 2 рецепти кои се приготвуваат со водена бања, а во народната медицина се употребуваат уште многу одамна за проблеми поврзани со стареењето, особено со зглобовите.

Во првиот рецепт се користи каранфилче за кое е познато дека многу помага при болки во зглобовите. Во вториот рецепт се користат борови иглички.

Состојките од игличките спречуваат недостаток на хипо, бери-бери и витамин Ц. Се користат за лекување на настинки и воспалителни болести.

Тие пред сè, имаат моќни антисептички, тонизирачки и лековити својства и можат да се користат одделно и во комбинација со други народни и фармацевтски лекови.

Пред употреба не заборавајте да аплицирате на мал дел од кожата за да ја тестирате индивидуалната осетливост на некоја од содржаните компоненти.

Боровите иглички се еден од ретките народни лекови чија ефикасност е препознаена и активно користена од официјалната медицина. Ги содржи речиси сите познати витамини, а особено витамини Б, Ц, П, Е, К, ПП, фолна киселина, железо, кобалт, манган.

Сите овие наведени витамини ја поддржуваат младоста на кожата и ја подобруваат структурата и состојбата на кожата, особено во периодот зима-пролет.

РЕЦЕПТ 1: за проширени вени, болки во зглобови, нозе, предел на вратот, спондилоза… – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 супени лажици мелено каранфилче
3 крупни чешниња лук
маслиново масло.

РЕЦЕПТ 2: за подмладување и ревитализација на кожата и зглобовите – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3-5 супени лажички сечкани борови иглички
маслиново масло
парче саќе сосе мед со големина на супена лажица

ПОСТАПКА ЗА РЕЦЕПТ 1:

Во тегла измешајте мелено каранфилче и ситно сечкан лук или истиснат низ преса. Залијте со маслиново масло за да се прекријат состојките и направете водена бања: Дното на тенџерето обложете го со крпа.

Во средината ставете ја теглата и залијте вода во тенџерето до 2/3 од висината на теглата. Оставете да зоврие, па намалете ја температурата во текот на половина час. Потоа извадете ја теглата и оставете да се лади 1 час.

Процедете ја содржината и лековитото масло складирајте го во чиста и сува тегла. Чувајте го на темно и ладно место 10 дена, а потоа можете да го користите надворешно:

УПОТРЕБА: мачкјате ги зафатените места со нежна масажа од 5 минути. Завиткајте со кеса или проѕирна фолија, а потоа со крпа или шал за да се затопли. Преноќете, а следното утро отстранете ја облогата и измијте се со вода и сапун.

ПОСТАПКА ЗА РЕЦЕПТ 2:

Боровите изглички измијте ги и оставете ги на кујнска крпа да се исушат. Бидете сигурни дека нема никаква влага пред отпочнување на приготвувањето:

Сипете ги во тегла и прелијте ги со маслиново масло за да се прекријат. Направете воздушна бања како во претходниот рецепт и ставете капак врз теглата но не го затворајте (за да се спречи навлегување на водена пареа).

Водената бања треба да врие 20 минути на умерена температура. Потоа оставете малку да подизлади, па процедете го маслото. Додајте едно парче саќе целосно сосе мед и сите компоненти во него.

Мешајте за да се растопи и повторно направете водена бања за да се помогне растопувањето на восокот од саќето, за што се потребни 20-тина минути. Мевлемот е спремен и може да се користи.

УПОТРЕБА: Се нанесува на чиста и сува кожа со кружни движења додека да се впие. Ова масло има антибиотски својства, па добро е за третирање на акни и други проблеми со кожата. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.