За овој колач не треба да вклучувате миксер, а ќе имате само две јогуртски чаши и една чинија што ќе се извалкаат, а вкупното време за приготвување на колачот изнесува само неколку минути.

Потребни состојки:

1 чаша течен јогурт ( се користи чаша од 200 мл)
1 чаша млеко
1 чаша масло
1 чаша кокос
1 кесичка ванилин шеќер
2 чаши шеќер
2 чаши брашно
1 лажичка прашок за печиво

за глазура:

100 г чоколадо
3 лажици масло

Постапка:

По тој ред со лажица или со шпатула измешајте ги состојките (може да оставите некоја минутка шеќерот да се растопи во млекото и јогуртот.

Смесата излејте ја во помал намастен и набрашнет плех 20х17 см и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30-тина минути.

Проверете со чепкалка дали е печено.

На пареа или на тивок оган растопете го чоколадото со масло и прелијте го преку колачот. Штом се стегне глазурата можете да го сечете.

Ако во третина од смесата ставете какао, можете да добиете мраморен колач. Поедноставно не може да биде, а колачот е сочен и вкусен.