Боровинките се бобинки кои, според здравствената платформа Healthline, се исклучително богати со хранливи материи, одлични за регулирање на крвниот притисок, срцеви заболувања, подобрување на меморијата и закрепнување на мускулите.

Тие се богати со растителни влакна, како и со витамин Ц, К и манган. Имаат највисоки антиоксидантни својства од сите овошја и зеленчуци, а флавоноидите се антиоксиданти со најголемо влијание кај бобинките.

Го зајакнуваат имунолошкиот систем. Боровинките имаат најголема количина на антиоксиданси и му помагаат на имунолошкиот систем со неутрализирање на cлободните paдикали кои влегуваат во телото преку пестициди или чад.

Тие влијаат на дијабетичаpите. Боровинките имаат низок гликемиски индекс, па позитивно делуваат на регулација на шеќерот во кpвта, особено кај луѓето кои веќе боледуваат од дијабетес. Пет порции боровинки секој ден може да доведат до значително подобрување.

Боровинките не само што се добри за здравјето, туку од нив можете да ги направите највкусните јадења и пијалаци, а денес ви предлагаме да направите домашен сок од боровинки кој можете да го пиете и во текот на зимата. Воопшто не е комплицирано, а има одличен вкус.

Овој сок термички се обработува во времетраење од 15 минути за да има подолг рок на траење. Се разбира, боровинките се најздрави кога се јадат цели или кога се пие свежо исцеден сок. Боровинките едноставно можете да ги замрзнете или нивниот сок, па да си вадите по потреба.

боровинки

Но, доколку сакате да го имате постојано како богат, хранлив и освежителен напиток, тогаш следете го рецептот подолу:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг боровинки, 500 г шеќер или мед, 1 литар вода, 1 кесичка лимонтус или сок од лимон

ПОСТАПКА: Измијте ги и исушете ги боровинките, а потоа измелете ги со обичен или рачен блендер или пак, испасирајте ги како пире. Не претерувајте бидејќи не треба да добиете каша. Потоа додајте шеќер или мед и сок од лимон, па добро измешајте.

Покријте со крпа и оставете да отстои околу 24 часа. За тоа време промешувајте неколкупати во текот на денот за да се раствори шеќерот/медот. Ако сте ставиле шеќер (за подолг рок) тенџерето ставете го на оган.

Загревајте на пониска температура за да не се изгуби витаминот Ц, па кога ќе забележите дека започнува да струи, намалете на најтивко и оставете уште да се готви уште 15 минути. Тргнете го од шпоретот и оставете да се излади.

Малку изладениот сок процедете го преку газа, па добиениот сируп сипете го во топли стерилизирани шишиња. Добро затворете, а ако сакате да бидете сигурни дека нема да се расипе, дополнително пастеризирајте ги.

Оставете да се излади на собна температура, па префрлете го во фрижидер. Прочитајте: „На овој начин можете да одгледувате неограничена количина боровинки во својот двор за да можете да пиете по 30 мл сок дневно – еве зошто“ – ОВДЕ.

На овој начин можете да одгледувате неограничена количина боровинки во својот двор за да можете да пиете по 30 мл сок дневно – еве зошто