Рецепт за екстра меки и вкусни крофни
Овој рецепт за крофни ќе ве воодушеви со својата едноставност и неверојатниот резултат – меки, воздушни и неодоливо вкусни крофни што ќе ги обожаваат и децата и возрасните.
Совршени за појадок, ужина или посебни пригоди, овие крофни се лесни за подготовка и гарантирано ќе станат омилени во вашиот дом, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 250 мл млеко
– 5 г сув квасец
– 2 лажици шеќер
– 2 јајца
– 500 г брашно со висок процент на протеини
– 1 лажичка сол
– 60 г путер (на собна температура)
– Сончогледово масло (за пржење)
– Шеќер во прав (за декорација)
– Чоколаден прелив (по желба)
– НМД

Постапка:
1. Во сад, загрејте го млекото до млака температура, па додадете го сувиот квасец и шеќерот. Измешајте и оставете да отстои неколку минути додека квасецот не се активира.
2. Во друг сад, изматете ги јајцата, па додадете ги во смесата со квасец и млеко. Промешајте.
3. Постепено додавајте го брашното и солта, мешајќи со лажица или рака додека не се формира тесто. Кога тестото ќе почне да се спојува, додадете го путерот на собна температура.
4. Месете го тестото околу 10-15 минути, додека не стане мазно, еластично и цврсто, без да се кине. Овој процес е клучен за добивање на меки крофни, па месете трпеливо.
5. Откако тестото е готово, поделете го на 12 еднакви делови, секој со тежина од приближно 95 г. Формирајте топчиња, покријте ги со кујнска крпа и оставете ги да отстојат 20 минути.

6. По одморањето, земете го секое топче тесто, притиснете го во форма на мал сад и направете дупка во средината за да добиете облик на крофна. Останатите парчиња тесто можете да ги обликувате во мали топчиња или други форми.
7. Подготвените крофни покријте ги и оставете ги да отстојат уште 20 минути.
8. Загрејте го рерната на 120°C и ставете ги крофните да се печат 20 минути за да се готви внатрешноста, но без да заруменат однадвор.
9. Загрејте обилна количина сончогледово масло во длабок сад на средно ниска температура. Пржете ги крофните околу 30 секунди од секоја страна, додека не добијат златнокафеава боја. Внимавајте маслото да не е премногу врело за да не изгорат крофните.
10. Откако ќе се испржат, ставете ги крофните на кујнска хартија за да се исцеди вишокот масло. Посипете ги со шеќер во прав или прелијте ги со чоколаден прелив по желба.
11. Сервирајте ги топли или на собна температура и уживајте во нивната мека и воздушна текстура.
Овие крофни се вистинско уживање за сите сетила, а нивната подготовка е едноставна и забавна. Пробајте го рецептот и споделете го задоволството со вашите најблиски! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































