Меки како памук.

Потребни состојки:

250 мл вода
50 г шеќер
1 лажица сув квасец
1 лажичка сол
80 мл масло
500 г брашно

за премачкување:

50 мл вода
1 рамна лажичка брашно
семе од мак
50 мл вода
1 лажица мед

Постапка:

Во 250 мл млака вода ставете 50 г шеќер и 1 лажица сув квасец. Оставете 5-10 минути додека да се активира квасецот, па потоа додадете 80 мл масло, сол и брашно.

Замесете го убаво тестото да стане мазно, па оставете да го стасува додека да се удвои.

Потоа поделете го на осум еднакви делови. Секој дел развлечете го во правоаголник со величина од приближно 30х13 см, па свиткајте го како ролат.

Вака свитканите долги кифли редете ги во плех претходно обложен со хартија за печење и оставете ги да стасуваат околу половина час.

За тоа време измешајте 50 мл вода и една рамна лажичка брашно. Премачкајте ги сите кифли со оваа смеса, па одозгора наросете ги со мак.

Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.

Во еден сад ставете 50 мл вода и една лажица мед, па кога ќе проврие, тргнете го на страна. Со оваа топла течност премачкате ги со четка печените топли кифли.

coolinarika.com