Комбинацијата на овие состојки го прави напитокот толку моќен што ќе ги стопи сите масни наслаги што ги имате. Се пие секое утро на празен стомак, а доколку е потребно, доколку чувствувате глад, можете да го пиете и помеѓу оброците. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

свеж ананас
неколку листови свежо нане
1 лимон
парче свеж ѓумбир
лажичка мед (не мора)

ПОСТАПКА верзија 1: Во блендер ставете ананас и ѓумбир, сè изблендирајте и на крај исцедете лимон, додајте сечкано нане и засладете со една лажичка мед.

ПОСТАПКА верзија 2: Од добро измиениот ананас отстранете го врвот со листовите, а потоа исечете ја кората. Кората ставете ја во тенџере. Ѓумбирот излупете го и исечкајте го на парчиња и истолчете го или изблендајте го, па додајте го во тенџерето.

Додајте 500-600 мл вода и ставете на оган. Оставете да зоврие. За тоа време исечете го плодот на ананасот. Тврдиот средишниот дел исечете го и додајте го во тенџерето, а мекиот, јадливиот дел ставете го во блендер.

Кога ќе зоврие смесата во тенџерето, намалете ја температурата и продолжете со варењето додека течноста да се намали до половина (7-10 минути). Потоа оставете да се олади и процедете.

Малку од течноста сипете во блендерот и измиксајте го ананасот, а потоа додајте го и остатокот. По желба додајте неколку листови нане. Кога ќе завршите со блендирањето процедете ја течноста и ќе добиете приближно 1 литар напиток.

Додајте сок од еден лимон и промешајте, вкусете и по желба може да додадете уште малку лимонов саок или сосем малку мед. Постапката можете да ја погледнете ОВДЕ.

Овој напиток многу брзо ќе го започне процесот на детоксикација, исфрлање на вишокот водата и согорување на масните наслаги.

Ѓумбирот ја зголемува температурата и на тој начин ги согорува мастите. Медот го има истиот ефект на затоплување. Лимонот и нането ја подобруваат брзината на варењето и согоруваат повеќе калории.

Ананасот е пресудната состојка на овој напиток, бидејќи го содржи ензимот бромелаин кој благотворно делува на слабеењето и делува антиинфламаторно, а со тоа ја елиминира надуеноста. Фруктозата во неговиот состав ќе ја потисне желбата за слатки, а со тоа ќе го намалите и внесот на калории.