Дрвото претставува најдобар природен материјал кој се користел од памтивек и воедно е најстар градежен материјал достапен на луѓето. Од него се произведуваат квалитетни производи, меѓутоа дрвениот мебел бара и посебна нега.
Според зборовите на експертите, ако користите дрво за изградба, тогаш не е потребно да користите друг вид на изолација, односно да користите други материјали.
Меѓутоа, кога станува збор за носивост, тогаш може да се каже дека дрвото ги задоволува сите статистички услови.
Што се однесува до видот на дрвото кое произведувачите го користат, најчестите се спомнуваат: бор, смрека и ела.
Викендиците од дрво кои последниве години се доста популарни, може да се монтираат во рок од неколку денови, додека за нивна изработка на производителите им се потребни околу два месеци.
Предноста на ваквите куќички е во тоа што не доаѓа до појава на влага. Дрвените ѕидови поседуваат принцип на саморегулација, што значи дека се во состојба од воздухот да ја извлечат целата влага која се наоѓа, и да ја вратат таа влага доколку воздухот е незаситен.
Ова е голема предност за дрвените куќички, што значи дека воздухот во нив нема никогаш да биде премногу влажен, но ниту премногу сув.
Кога ќе ја нарачате куќичката, веднаш започнуваат со нејзино производство и два месеци подоцна ви доаѓа на вашата адреса. Според интернет податоци, еден квадрат од ваква дрвена монтажна куќа чини од 150 до 200 евра додека величината на викендичката ја одредувате сами.