Ќе уживате во секој залак: Сочен и лесен колач од гриз и ореви, лесен и брз за правење, неодолив вкус

Ќе уживате во секој залак. Сочен и лесен колач од гриз и преви, лесен и брз за приготвување, а вкусот му е неодолив.

Потребни состојки:

4 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша брашно
1 чаша мелени ореви или лешници
2 чаши гриз
1 чаша масло
1 чаша млеко
1 прашок за печиво
плех 20х35 см

За прелив:

250 г шеќер
400 мл вода
1 ванилин шеќер
1 лимон – кора

За премачкување:

Loading...

2 изматени шлага
1 рака мелени ореви

Постапка:

Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Плех со димензии 20х35 см намастете го и набрашнете го.

Изматете ги јајцата па додадете шеќер и продолжете со матење. Додадете ги останатите состојки (млеко, масло), па откако ќе промешате додадете ги и сувите состојки ( брашно, гриз, ореви).

На крај додадете го прашокот за печиво, па смесата излејте ја во намастениот и набрашнетиот плех, па ставете да се пече во загреана рерна околу 30 минути.

Додека се пече колачот, подгответе го сирупот: Сварете ја водата со шеќер и ванилин шеќер, па додадете кора од рендан лимон. Варете околу 5 минути.

Топлиот испечен колач прелијте го со топлиот сируп и оставете да се лади. На крај изматете шлаг па премачкајте го колачот и одозгора наросете мелени реви.

Послужете го сочниот и вкусен колач, многу е убав изладен во фрижидер. Деталите од постапката погледнете ги во видеото:

Loading...