За 1,5 час направив 5 тегли ајвар во мојот стан…Ова е рецептот на тетка ми, кој се пренесува од колено на колено…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 кг пиперки (помесести)
1,5 кг модар патлиџан
2 лажици оцет 9%
1.5 лажици шеќер
2 лажици сол
200 мл масло
ПОСТАПКА:
Пиперките измијте ги и испечете ги во рерна. Направете го истото со модриот патлиџан. Потоа исчистете ги од лушпата и семките. Исечете ги ситно, измелете ги во блендер.
Потоа сипете во врело масло и испржете го ајварот со непрекинато мешање, а пред крајот додајте ги солта, шеќерот и оцетот, па гответе ушт 10-тина минути на пониска температура..
Чистите тегли загрејте ги 10 минути на 100 степени во рерна, во врелите тегли истурете го врелиот ајвар. Затворете ги и наредете ги во загреаната рерна.
Оставете ги така 10 минути на 100 степени, исклучете ја рерната и оставете ги да отстојат додека да се изладат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/Uyw927JjFgM?si=J-D13aeqmcKwHoRl