Данската диета често се нарекува и „Кралска данска болничка диетална исхрана“ или „Копенхаген диета“. Не станува збор за традиционална диета туку за начин со кој се поттикнува организмот побрзо да ги согорува мастите и да ги исфрли вишокот течности, со што диетата делува и по нејзиниот престанок.

Овој диетен програм може да се започне во било кој ден од неделата, но се препорачува тоа да биде токму – недела. Самата диета трае 13 дена и не е многу лесна, но затоа е екстремно ефикасна.

Со оваа диета доаѓа до големи промени во организмот, а ефектите траат цела година Ако ја следите правилно диетата, може да го изгубите вишокот килограми и тоа (во зависност од почетната тежина) од 7 до неверојатни 20 килограми!

Воведни напомени:

Диетниот план мора да се следи точно 13 дена, ни помалку ни повеќе и како што веќе напоменавме, мора да се следи буквално како што е напишано, и да нема отстапки, ниту мали измени.

Ако во текот на диетата испиете на пример едно пиво или една чаша вино, џвакате мастика или јадете некоја друга храна, различна од онаа наведената, мора диетата веднаш да ја прекинете бидејќи ќе нема никаков резултат.

После тоа, диетата може да се повтори дури после 6 месеци, не порано. Ако сте ја следеле диетата до крај, т.е. точно 13 дена, не би требало да ја повторувате во следната цела година, но се препорачува да не ја повторувате во следните две години.

Кога сте гладни, пијте вода (најмалку 2 литри). Кафето може да се замени со чај. Мора да користите шеќер во коцки. Речиси секој ден се јаде една посебна салата, па така е згодно да ја приготвите за неколку денови однапред.

Рецепт за салата:

Исечкајте или изрендајте 1 кг моркови, 1 кг бела зелка, 1 црвена пиперка, 1 зелена пиперка и 1 страк праз. Добро промешајте во подлабок сад и залејте ја со прелив добиен со мешање на следниве состојки: 100 мл маслиново масло, 50 мл јаболкова киселина, по половина лажичка шеќер и сол.

Измешајте ги сите состојки и прелијте преку нив со состојките наведени погоре. Оставете да отстои еден час. Промешувајте повремено. Салатата може да ја чувате во пластичен сад, во фрижидер. Може да остане свежа до три седмици. Ако е за едно лице, тогаш е доволна и половина од горенаведените количини.

I ДЕН (појадок): 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер (ручек): 2 тврдо варени јајца, варен спанаќ во вода, 1 домат (вечера): 1 голема шницла (230 г), салата

II ДЕН (појадок): 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер (ручек): 1 парче шунка, 1 чаша јогурт (вечера): 1 голема шницла, салата

III ДЕН (појадок): 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост-леб (ручек): 2 тврдо варени јајца, 1 парче шунка, салата (вечера): варен целер, 1 домат, 1 овошје

IV ДЕН (појадок): 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост-леб (ручек): 1 литар џус, 1 чаша јогурт (вечера): 1 варено јајце, 1 рендан морков, 25 г младо сирење

V ДЕН (појадок): 1 голем изрендан морков со лимон (ручек): 1 големо парче риба варена со лимон и малку путер (бакалар, шкарпина околу 230 г) (вечера): 1 голема шницла, салата, варен целер

VI ДЕН (појадок): 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост-леб (ручек): 2 варени јајца, 1 голем изрендан морков (вечера): 1/2 пиле на ражен, без кожа, салата

VII ДЕН (појадок): 1 чаша чај без шеќер (ручек): НИШТО (вечера): 1 јагнешки котлет на жар, свежо овошје

VIII ДЕН (појадок): 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост-леб (ручек): 2 варени јајца, 1 парче шунка, салата (вечера): варен целер, 1 домат, 1 овошје

IX ДЕН (појадок): 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер (ручек): 1 големо парче шунка, 1 чаша јогурт (вечера): 1 голема шницла, салата, овошје

X ДЕН (појадок): 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост-леб (ручек): 2 варени јајца, 1 парче шунка, салата (вечера): варен целер, 1 домат, 1 овошје

XI ДЕН (појадок): 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост-леб (ручек): 1 литар џус, 1 чаша јогурт (вечера): 1 варено јајце, 1 рендан морков, 25 г младо сирење

XII ДЕН (појадок): 1 голем изрендан морков со лимон (ручек): 1 големо парче варена риба со лимон и малку путер (вечера): 1 голема шницла, салата, варен целер

XIII ДЕН (појадок): 1 чаша црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост-леб (ручек): 2 варени јајца, 1 голем изрендан морков (вечера): ½ пиле на жар без кожа, салата

Пред почеток на било каков диетален режим на исхрана, консултирајте се со својот матичен лекар и својот нутриционист!