Просото е достапно, едноставно и навистина чудесно средство за лекување на бубрези. Многумина тврдат дека просото им помогнало да заборават на проблемите со бубрезите. Во народната медицина се користи како природен лек за лекување на уролитијаза (создавање камења во урината и уротрактот).

Ефикасно ги чисти бубрезите, ги елиминира песокот и слузта, ги отстранува ситните камења од бубрегот и бешиката, помага при женски болести и лекува циститис.

Инаку, просото е една од најпознатите житарки која поседува висока хранлива вредност и лековити својства.

Ви предлагаме еден навистина чудесен и делотворен рецепт од руската народна медицина за лекување на бубрезите кој ќе помогне во нивно чистење, излачување на слузта, песокот и ситните каменчиња.

РЕЦЕПТ

-Навечер, 1 чаша (200 г) просо измијте го со топла вода.

-Претурете го просото во поголема тегла (од 3л) и прелијте 2/3 од теглата со врела превриена вода. Поклопете, замотајте во нешто топло и оставете да преноќи.

-Наутро ќе забележите бела матна течност во теглата. Тоа е всушност вашиот лек.

-Излијте ја течноста во друг сад. Пијте во текот на денот без ограничување, во било која количина, кога и да посакате.

Просото немојте да го фрлате. Сварете една здрава каша и изедете ја за појадок. (1 чаша просо, 3 чаши вода, се готви околу 15 минути). Навечер подгответе нова порција за следниот ден, по истата постапка.

Оваа течност треба да се пие 10-15 дена.

РЕЗУЛТАТ: по 10-15 дена каменот ќе се растопи и ќе излезе заедно со урината, а бубрезите ќе бидат исчистени од песок, слуз и камења. Ќе биде елиминирано воспалението, ќе биде обновено ткивото на бубрезите и органите на уринарниот тракт.

Оваа житарка е достапна секому. Не е скапа а можете да ја пронајдете во сите продавници за здрава храна. Со воведување на просото во својата исхрана ќе допринесете за подобро здравје на вашите бубрези. Треба да се мисли на превенцијата, за да може организмот навремено да ги одбегне потенцијалните болести.