Доколку се придржувате кон овие пет правила за заштеда на горивото, промената во потрошувачката ќе биде голема и ќе заштедите доста пари. Советите всушност се доста едноставни и многу ќе ви користат.




СОВЕТ 1. Со рамномерно возење може да заштедите и пари, но и н ерви. Возењето вклучува активно следење на сообраќајо, со што помалку прикочувања и користење на инерцијата на автомобилот. Исто така, многу е важно да се држи растојание помеѓу возилата, со што се одбегнува нагло прикочување и се одржува безбедноста на патиштата.




На отворени и брзи патишта / автопатишта ако возите со 150 км/ч или повеќе, значително ја зголемувате потрошувачката на горивото, но и безбедноста, па затоа подобро би било да возите со максимум 120 км/ч и да користите термомат, што дополнително ќе ви помогне да заштедите до 5% гориво. Предвидувањето на сообраќајните ситуации дополнително ќе ви овозможи да избегнете можни доцнења.




СОВЕТ 2. Возете на повисока брзина и одржувајте ја брзината. Префрлувањето на брзините или промена на брзините е едноставна постапка која може да ви помогне да заштедите гориво. Кога го придвижувате возилото, веднаш после стартувањето можете да префлите во втора брзина после само неколку метри.




Секогаш треба да ја изберете одговарачката брзина за своето возило. Значи, сè додека возилото вози „мазно“, односно без сецкање, тропање и сè додека нема дополнителна бучава, бројот на вртежи е онаков, каков што би требало да биде. Секако, важно е секогаш да се прилагодува брзината кон условите во кои се наоѓате и да се следат бројот на вртежите на возилото.




СОВЕТ 3. Редовно проверувајте го притисокот во пневматиците. Вредноста на препорачаниот притисок во пневматиците при оптеретување се наоѓа на капакот од резервоарот за гориво. Уверете се дека вашите гуми се напумпани до предвидената вредност, бидејќи на тој начин се намалува отпорот на триење и потрошувачката на горивото.




Овде може да заштедите дури до 15% од вкупната количина на гориво која ја трошите во текот на возењето. Имајќи го ова на ум, при купувањето на нови гуми можете да барате онакви кои имаат помал отпор при триење, што дополнително штедат гориво.




СОВЕТ 4. Аеродинамиката исто така, игра важна улога во заштедата на гориво. Со намалување на отпорот на воздухот, возите поефикасно и ја намалувате потрошувачката на горивото, особено при големи брзини. Отстранете ги надградбите на кровот како што се носачи на багаж, велосипеди и слично, доколку не ви се потребни при таа вожња.




Ако ваквите надградби ги оставате без причина, тоа значи дека ќе имате поголем отпор на воздухот и поголема потрошувачка на горивото. Исто така, не ги оставајте отворени прозорите на брзини поголеми од 50 км/ч. Ова создава дополнителен отпор и повторно се зголемува потрошувачката на горивото.




Уште еден метод кој можете да го користите е „користење на поголемо возило“. Ако во текот на возењето забележите поголемо возило покрај вас, како што е камион, комбе, автобус и слично, следејќи го таквото возило на пристојна одалеченост, можете да го користите т.н. „воздушен тунел“ кој го создава тоа возило пред вас, и на тој начин се намалува воздушниот отпор на вашето возило.




СОВЕТ 5. Организирајте го вашето време – заштедете на топол мотор. Ако имате многу задачи кои треба да ги сработите секоја посебно, тогаш вашиот мотор се лади помеѓу вожњите. Ладниот мотор троши повеќе при секое повторно загревање.

Затоа, организирајте ги вашите работи спојувајќи ги кратките делови во една, со што секојдневнитењ обврски ќе ги извршите слеано, надоврзувајќи ги една по друга, а притоа ќе го искористите загреаниот мотор. Со постигнување на оптимална работна температура, потрошувачката на горивото значително се намалува.