Волшебен колач од јаболка – според мене ова е најдобриот рецепт

Потребни состојки:

1 чаша гриз

1 чаша брашно

1 чаша шеќер

1 прашок за печиво

1 ванилин шеќер

јаболка по потреба и желба

цимет по желба

путер-маргарин по потреба за рендање одозгора

Постапка:

Приложените количини овде се исклучиво информативни, инаку, величината на чаша не игра голема улога, секако ќе добиете добар колач, само внимавајте односот на намирниците да е добро распореден (1:1:1). Јас користам голема чаша од 300 мл.

Во подлабок сад ставете 1 чаша од 300 мл брашно, истата чаша – гриз, па на крај шеќер. Додадете еден прашок за печиво и ванилин шеќер. Сите овие состојки измешајте ги.

Дното на калапот намастете го и набрашнете го за да не се залепи колачот, а преку сето тоа со раце истурајте од сувата смеса (гриз, шеќер, брашно).

Слојот од суви состојки не треба да биде дебел, туку доволен колку да се покрие и да не се гледа дното. Преку сувата смеса наросете обилно рендани јаболка со малку мелен цимет.

Преку јаболката повторно наросете сува смеса додека целосно да се покрие. Постапката повторувајте ја додека имате материјал.

На крај врз колачот изрендајте путер-маргарин па ставете да се пече во рерна на 200 степени околу 40 минути или додека да добие убава златна боја.

Претходна статијаСоленки кои децата ги обожуваат а возрасните ги сакаат
Следна статијаМасло од лимонова кора за лекување на болни зглобови