Кога станува збор за начелата на древните култури кои ги проучуваат разните сегменти од животот, а со тоа и бенките на телото, тешко е да се заобиколи хиндуизмот.
Имено, хиндуистите веруваат дека бенката на одредено место од телото означува некаква состојба или уште подобро, благосостојба во иднината. Величината, обликот и бојата на бенката исто така имаат влијание врз древното исчитување и неговото значење, а исто така, интересно е и ведското значење. Според Ведите, постојат 12 места на кои е добро да се има бенка, бидејќи таа претставува богатство, поседување на многу пари како и можност за чести прекуокеански патувања.
1.БЕНКА НА ДЕСНИОТ ОБРАЗ: Лицето кое има бенка на образот многу брзо после сопствената венчавка ќе се стекне со големо богатство.
2.БЕНКА НАД УСНИТЕ: бенката која ја прослави Синди Крафорд е токму таа бенка со која се одликуваат упорни и тврдоглави луѓе кои многу полесно стигнуваат до целта, за разлика од другите луѓе, а со самото тоа и многу побрзо се богатат од останатите.
3.БЕНКА НА НОСОТ: Ако имате бенка на носот и веднаш покрај него, голема е веројатноста дека сопственикот ќе биде многу имотен човек. Луѓето со бенка на носот ќе доживеат успех во животот и работата, здравје и долговечност.
4.БЕНКА НА ПЕТА: бенките на ова место не се чести, но лицата кои ги имаат се склони на чести патувања. Почесто во близина на својот роден крај, но патувањата се патувања, зар не? Секако, ниту патувањата преку океан не се баш толкава реткост за овие лица…
5.БЕНКА НА ПОЛОВИНАТА (СТРУКОТ): Оваа многу префинета бенка е навистина резервирана само за посебни луѓе. Иако повеќето од животот го минуваат незадоволни и немирни, луѓето кои ја поседуваат оваа бенка секогаш тежнеат кон нешто поголемо, па затоа честопати се многу успешни и многу постигнуваат.
6.БЕНКА ПОМЕЃУ ОЧИ: Таканареченото „трето око“ обележува богатство и задоволство од животот повеќето време. И она што е најважно, луѓето со ваква бенка се изнапатуваат во животот.
7.БЕНКА НА ДЕСНА ДЛАНКА: ако вие сте еден од оние кои имаат бенка на десната рака, т.е. дланка, ќе искусите богатство во животот. Сепак, важно е каде точно се наоѓа бенката, односно, ако се наоѓа на горната половина од дланката – до богатство лесно ќе дојдете, но доколку се наоѓа на долниот дел од дланката, тогаш малку ќе се помачите, но сепак ќе биде успешно.
8.БЕНКА НА БРАДАТА: и покрај фактот дека лицата кои имаат бенка на брада не се склони на дружење и не се многу социјални, сепак тие се многу среќни и имаат избалансиран живот.
9.БЕНКА НА ПАПОКОТ: овие лица се вистински среќници, бидејќи на најлесен начин ќе се пробиваат низ животот и ќе постигнуваат важни работи. Тие се исто така, рационални во трошењето. Освен по прашањето на храна, тие се вистински хедонисти.
10.БЕНКА КАЈ УВОТО ИЛИ ДЕСНАТА СТРАНА ОД ЛИЦЕТО: без разлика дали бенката се наоѓа на увото или на рабовите од образот, сопствениците на таквите бенки ќе имаат исполнет и богат живот. Секако, услов е бенката да се наоѓа на десната страна од лицето…
11.БЕНКА НА ДЕСНАТА СТРАНА ОД ГРАДНИОТ КОШ: лицата кои имаат бенка на ова место ќе имаат мирен живот исполнет со многу благодети.
12.БЕНКА НА МАЛИОТ ПРСТ: не е важно дали бенката се наоѓа на малото прсте од десната или левата рака, сопствениците на вакви бенки едноставно ќе уживаат во животот и можеби ќе го пропатуваат целиот свет.